2009-03-25 17:29:28

Бенедикт XVI до младите од Ангола: имајте храброст за авантури


Напред, не сте сами, Исус не не’ остава без одговор: ова е пораката која Бенедикт XVI ја пренесе до младите од Ангола и за младите за цела Африка на средбата која се одржа синоќа на стадионот Дос Когуеирос во Луанда. Тоа се случи во знак на радост и ентузијазам, но за жал веста за смрта на двете малди девојки го растажи моментот. Благодарно писмо за папата беше прочитано од монс. Канда Алмеида, преседателот на епископската комисија за малдите од Ангола.

Бенедикте, Ангола е со тебе: младите од Ангола го примија папата со ентузијазам на стадионот во Луанда. Тоа е радосен настан, доживеан како  со вистинска вера од страна на сите верници. Папата потсети дека во 1992 година младите од Ангола се сретнале овде во Луанда со Папата Јован Палве II „со мала разлика но со иста љубов во срцата – кажа Бенедикт XVI – еве сега пред вас стои Петровиот наследник кои ве прегрнува сите во Исуса Христа“. Во продолжение Папата натажен ги слушаше сведочењата на младите за нивните искуства, понекогаш драматични од бојните прни, сиромаштијата но исто така желба за спасение. Бенедикт XVI за сите имаше охрабрувачки зборови, потсети дека ако сме Исусови пријатели не треба да имаме страв во донесувањенто на конечните одлуки.
„Средбата на младите, рече Бенедикт XVI, е од полза за сите. Младите понекогаш имаат толку големи тешкотитии, но во нив носат голема надеж, ентузијазам, и голема желба да почнат повторно“. И Папата нагласи, младите да ја чуваат во себе: „духовноста на иднината“. И пак потврди дека само Исус Христос може да не промени радикално.„


„Да мои драги пријатели! Бог е тој што создава различност... и уште повеќе од тоа! Бог е тој што не‘ менува, тој е кој не‘ прави нови“. Бидејќи тој „влезе во вечноста“, продолжи, „ Исус Христос стана Господ на сите времиња“. Заради тоа, додаде, „Бог е иднина за луѓето“ и „почеток за тоа е неговата Црква“. Кога ќе имате можност, ѓи советуваше Папата младите, „Чувајте ја внимателно историјата“: ќе заклучите дека Црквата во времето кое изминува не старее; но станува секогаш млада, бидејќи оди во пресрет на Господа, приближувајќи се секој ден се повеќе до вистинскиот извор, од каде извира младостта, повторно раѓање и животна сила“. Папата им се обрати на младите од Ангола и на сите млади во Африка кои страдата:


„Ги гледам овде присутни, кажа Папата, неколку милијони млади анголци кои се осакатени во војната од мините, мислам на безбројните солзи, кои многу од вас ѓи имате пролиено заради вашите најблиски, и не е лесно да се замислат сивите облаци кои сеуште го покриват небото над вашати убави сонови“. Во вашите срца, читам „сомневање и ме прашувате“ кога Бог ќе го обнови секое створеније“.


„Гледајте Исус не не остава без одговор, ни говори јасно една ствар: обновувањето започнува внатре; ќе примите сила од небото. Силата на иднината се наоѓа во вас“. Животот како што ни го покажа Исус, „е семе и тоа семе се неговите зборови“. „Во семето е присутна иднината, бидејќи тоа што денеска е семе, утре станува живот. Семето изгледа небитно, но во него е присутна иднината, во семето е присутно уште денес ветувањето“.


Вие сте семе, кое Бог го фрли на земјата, вие сте семе кое во срцата ја носите силата од небото, од Светиот Дух“. „Но така да од семето постане плод, постои само еден пат да се дадете за љубовта, да умрете за љубов“. Така направи Исус: „неговото распнување беше целосно промашено, но не е така“. Не беше тотална погрешка, бидејќи Тој во секое време дава плодови“. Ги потсети младите да ја откријат желбата во Пресветата Еухаристија и да имат постојан дијалог со Господа. „Социјалната култура што владее во општеството не ви помага да го живеете Словото Исусово ниту дарот кој го имате, на кои ве повикува Исус“. Силата се наоѓа во вас како што Исус кажа: Бог кои е во мене ги исполнува неговите дела преку мене“.


„Зато не треба да се плашите да одлучите за вашите конечни одлуки“. Пред опасноста за да се дадете за цел живот, било во брачниот живот, или во посветениот монашки живот, рече Папата, пробајте го страхот“. „Нема ли јас, со одлуката да ја доведам во прашање мојата слобода. И нема ли да се врзам со моите раце“. „Тоа се сомнежите кои се појавуваат и актуелнатата индивидуалистичка-хедонистичка култура која го загорчува животот. Но ако младиот човек не се одлучи, може да остане вечно незрел“.


„Напред! Одлучете се дефинитивно, кажа Папата, бидејќи навистина тие одлуки не ја заробуват слободата, но ви го покажуват вистинскиот пат, охрабрувајќи ве да одите напред и да постигнете големи нешта во животот“. И ги охрабри малдите од Ангола да имат „храброст за авантура“ и да го солободат во нив Светиот Дух за да го обноват дефинитивно животот“.







All the contents on this site are copyrighted ©.