2009-03-03 12:30:56

Во неделната молитва на Ангеловиот Поздрав Папата апелираше за работниците кој се погодени од економската криза. Потоа упати покана до сите верници за борба против гревот и сите искушенија.


На Ангеловиот Поздрав, Папата прати апел до работниците од фабриката на Фиат од Помиљано од Арко, кои беа присутни на плоштадот Свети Петар, и до сите работници кој се погодени од актуелната економска криза. Споменувајќи се на Евангелието од првата недела од Постот – што ни го прикажува Исуса во пустината каде што беше искушуван и служен од Ангелите – советуваше да се прекине со гревот и да се бори против искушенијата повикувајки се на помошта од Ангелите. Мислата на Папата беше упатена до работниците од фабриката Фиат од Помиљано од Арко, присутни на плоштадот Свети Петар заради „искажувањето на нивната загриженост за иднината на фабриката и за иљадници луѓе кои, директно или индиректно, зависат од неа". Исто така спомна други ситуации „еднакво тешки, како оние што ги огорчуват териториите на Сарденија, Тоскана како и други центри во Италиа и околу":
 
 
Се присоединувам со епископите и со нивните локални Цркви да изразам блискост на фамилиите, и ги доверувам во молитвата под заштита на Пресвета Марија и св. Јосиф, патрон на работниците. Би сакал да го изразам моето охрабрување било до политичките авторитети, било до цивилните, како и до предпримачите, се додека не се стави крај на овој деликатен момент. Сепак потребно е од заедничка и силна обврска, спомнувајќи дека првенството треба да биде доверено на работниците и нивните фамилии".


Спомнувајќи го Евангелието од првата недела од Постот, кој ни го прикажува Исуса во пустината, Папата повикува да се откирие значењето на постот кој „ни помага да имаме поголема контрола врз нас самите, да се бориме против гревот, се повеќе да го сакаме ближниот, и дефинитивно да ја исполниме со погоема подготвотвеност вољата Божја". Опомената од Бенедикт 16-ти е да „се прекине со гревот", и „темелно да се промени животот" борејќи се против сите искушенија. Всушност се задржа околу значењето на Исусовиот престој во пустината, искушуван од ѓаволот:
 
 
„Во пустината, место на искушението, како покажува искуството од Израелскиот народ, драматично е прикажена реалноста на „кенози", т.е. понижувањето на Христа, кој се соблече од своето Божествено битие (Фил 2, 6-7). Тој, кој нема грев и не може да греши, се потчини на искушението и затоа може да ја сочуствува нашата слабост (Ев 4,15). Дозволува да биде искушуван од Ѓаволот, непријателот, кој уште од почетокот се спортистави на Божјиот нацрт за спасението на луѓето". 


Во пустината Исус беше служен од ангелите „светли и мистериозни фигури". Сигурната присутност на ангелот Божји – спомна Папата – го придружува Израелскиот народ во сите настани било добри било лоши:
 
 
„Драги браќа и сестри, ќе извадиме еден значаен дел од Евангелието, ако ги оставиме настрана овие Божји пратеници, кои ја најавуваат Неговата присутност помеѓу нас. Често да ги повикуваме, за да не поддржуваат во трудот да го следиме Исуса се додека не се идентифицираме со Него. Да ги помолиме, посебно денес, да бдеат над мене и над соработниците од Римската Курија кои денес, како и секоја година, ќе ја започнеме неделата на духовните Вежби. Марија, Царице на Ангелите, моли се за нас!".







All the contents on this site are copyrighted ©.