2009-02-26 10:51:25

Впечатоците на кардиналот Каспер по посетата на новиот грчки православен архиепископ Хиеронимос 2-ри во Атина


Претседателот на Папскиот Совет за Промоција на Единството на Христијаните, кардиналот Валтер Каспер, ја заврши својата посета во Атина, дводневна посета за време на која имаше можност да ги поздрави и да разговара со новиот православен архиепископ на Атина и Грција, неговото блаженство Хиеронимос 2-ри. На враќањето во Ватикан, нашиот колега од англисакта редакција, Филипа Хитчен, разговараше со кардиналот во врска со неговите погледи и перспективи на екуменскиот дијалог со Црквата во Атина:


First of all I have to say this was a visit of courtesy…
Пред се‘, мора да кажам дека оваа беше една посета од почит, бидејќи јас него познавав новиот архиепископ, Хиеронимос. Посакав да го запознаам и сакав да го продолжам веќе почнатиот дијалог. Тој е навистина мирен и скромен човек и нашата средна беше навистина убава, како и таа со неговите соработници. ГПЦ е една од најважните православни цркви, со една долга и богата традиција, со нејзината апостолски корени – св. Апостол Павле проповедаше во аеропагот. Многу е важна и има големо влијание во православниот свет. Односите со ГПЦ почнаа со неговиот претходниk, архиепископот Христодулос, и соработката се одвиваше врз основа на пасторалните и праткични проблеми: ова е така затоа што екуменскиот дијалог го водиме во присуство на сите православни Цркви. Грчката Црква учествува и има многу важна улога, иако не зборевме многу за теолошкиот дијалог, колку за практичните проблеми. Насекаде во Европа, е исто, се појавуваат истите предизвици, како на пр. имиграцијата која е многу силна. Така и во Грција постојат општествени проблеми, како последица на економската криза, невработеноста е во пораст... мислам дека на ова поле може да се соработува. Тие се многу заинтересирани да научат од нашите искуства а тоа е многу важно. Потоа, како што реков веќе, Црквата во Грција има една долга и богата традиција, но чува грозни сеќавања од минатото, посебно што се однесува на Крстоносните Војни... Од посебно голема важност беше гестот на папата Јован Павле 2-ри, кога побара простување за Крстоносните Војни и за сето она што тие го предизвикаа. И покрај тоа, постои сеуште голем отпор што се однесува на екуменското зближување и затоа треба да се чекори кон иднината со големо внимание. Со новиот архиепископ и со неговите соработници сакама да продолќиме да чекориме и многу сум задоволен од оваа посета. Немав големи очекувања: ниту пак беше замисливо да ги решиме сите проблеми во еден ден, но беше важно да се нарпави пресоналниот контакт. И тоа беше многу срдечно и отворено.


Што може да ни кажете за малата католичка заедница која што живее во Грција? Во минатото, од секогаш биле сметани за странци, било од власта, било од Црквата, ми се чини...


Yes, it’s a small Catholic Latin minority …
Да постои една мала римо-католичка заедница, но и една грко-католичка: и двете се во голем пораст, како последица на имиграцијата и појавите од неа (имиграцијата) треба да се земат со голема сериозност. До сега не беше на тој начин прифатено од ГПЦ: и јас побарав да не бидаат коплетно игнорирани за што тие и ми дадоа збор. Во секој случај, како што реков, имиграцијата е во пораст".









All the contents on this site are copyrighted ©.