2009-02-25 09:21:54

Бенедикт 16-ти: христијаните и муслиманите да го претворат Блискиот Исток во земја на братството и почитта


„Земја на дијалог и на братска соработка“, бидува пред се од луѓето на верата, не само христијанската. На оваков начин папата Бенедикт 16-ти, сака да се одвива ситуацијата во Блискиот Исток. Желбата на Папата е содржината на една порака, која државниот секретар, кардиналот Тарчизио Бертоне, му ја упати на проф. Андреа Рикарди, по повод митингот што се оддржи деновиве во заедницата на Сант Еџидио на тема „Вредноста на Црквите во Блискиот Исток“. Алесандро Де Каролис:


Пристуноста на христијаните во Блискиот Исток претставува „вистинкса вредност за целото општество и значителна гаранција за социјалниот, културниот и верскиот напредок“. Тврдењето на кардиналот Бертоне на овој начин ја почнува пораката со која го испраќа папскиот благослов на брифингот во заедницата на Сант Еџидио. Средба на која кардиналот и ја препишува вредноста на уште еден чекор во трпеливиот и потребниот дијалог помеѓу христијаните и муслиманите“, посебно за она што се однесува на „присутните христијански заедници во територии со повеќе муслимански верници. Се работи за „јазол“ од пресудна важност, продолжува кардиналот, за кои папата Бенедикт зборуваше и недавно. Папата – пренесува кардиналот Бертоне – секогаш го има при срце фактот дека дијалогот меѓу христијаните и муслиманите треба да биде се повеќе „братски“, “посебно во теритиориите каде што христијанските заедници се малнцинство“.


Цитирајќи ги редовите во некои од папските осврнувања на оваа тема, кардиналот Бертоне превзеде голем дел од тоа што Бенедикт 16-ти го потврди минатиот 6 ноември по повод католичко-муслиманскиот Форум кој се оддржа во Ватикан. И покрај фактото за различните погледи за прашањата што се однесуваат до Бога„, - Светиот Отец – потсети државниот Секретар – потврди дека „во секој случај, можеме и мораме да го обожуваме единствениот Бог“ и дека „заедно треба да покажеме, со заеднилката почит и солидарност, дека пораката на нашите религии е безсомнежи порака на хармонија и взаемно разбирање“. Кардиналот Бертоне го завршува писмото со желбата на Бенедикт 16-ти за Блискиот Исток: да стане „земја на дијалогот и братската соработка, взаемен почит и мир, благодарејќи на одговорниот придонес на сите верници кои таму живеат“.








All the contents on this site are copyrighted ©.