Писмо од букрешткиот Архиепископ до кардиналот Бањаско за злочините што ги изврпија
некои романци во Италија
Католичката Црква во Романија се соединува со онаа во Италија во отфрлувањето и осудувањето
на сите криминали и друг вид прекршоци сторени во Италија“ од некои сонародници“.
Секое зло кое тие го сториле не понижува и исполнува со презир“, пишува архиепископот
до претседателот на романската епископска Конфереција, Монс. Јоан Робу, во писмото
испратено денес до кардиналот Анџело Бањаско, претседател на ЦЕИ. „ Убеден сум дека
ова се чувствата на сите романци, и на оние кои работат во Италија почитувајќи се
себеси а и нивните браќа италијанци“. Претседателот на романските владици, и се заблагодарува
на италијанската Црква за „добрато и братско прифаќње“ „секогаш покажана кон романските
заедници, отстапувајќи цркви и простори за соодветно душебрижништво“ и за повторуваните
ставови во однос на имигратите во духот на солидарноста и на покажаната братска љубов.
„Убедени сме – завршува монс. Робу – дека пријателството помеѓу италијанците и романците
како и заедничката солидарност против сите форми на злото, ќе можаат да го надвисат
и победат секое искушение да се гледа само злото.