2009-02-24 14:18:06

Говорот на Папата на неделниот Ангелус



Папата Бенедикт 16-ти на вчерашниот говор пред молитвата на Ангеловиот Поздрав, се осврна на неделните литургиски читања и говореше за службата на римскиот епископ, петровиот наследник.Драѓи браќа и сестри, евангелието, на кое литургијата не поттикнува да размислуваме оваа недела, 7-ма во годината, ни зборува за духовното и телесно оздравување на опседнатиот (Мк 2, 1-12). Додека Исус проповедаше, помеѓу многуте болни који му беа претставени, беше и опседнатиот на носилки. Кога го виде, Исус му рече „Сине! Ти се опростуваат гревовите„ (Мк 2,5). А некои од присутните штом го слушнаа тоа, се соблазнија, и им рече: „Да знаете сепак: Синот Човечки има власт на земјата да ги опростува гревовите! И му рече на опседнатиот: Ти наредвуам, стани, земи си ја постелата и оди си дома!“(Мк 2,10-11). И опседнатиот си отиде исцелен. Оваа евангелска вест покажува дека Исус има власт не само да го лечи телото, туку и да ги простува гревовите; уште повеќе, телеснот исцелување е знак на духовното оздравување со кое се раѓа простувањето. Гревот е еден вид духовна опседнатост од која само Божјето милосрдие и љубов може да не ослободи, овозможувајќи ни поновно да станеме и да тргнеме по добриотпат - рече Светиот Отец.


Во денешната недела се слави и Катедрата на Св. Петар, важна литургиска слава во која во прв план се појавува службата на првиот апостолов наследник. Петровата „столица“ го симболизира авторитето на „римскиот владика“, кој е повикан на посебна служба кон сиот Божји народ. Непосредно после мачењето на светите Петар и Павле, на Црквата во Рим им беше признаен приматот во целата католичка заедница. Тоа веќе во вториот век го потврдуваат св. Игнатиј од Антиохија и Св. Иренеј Лионски, (против кривоверството III, 3,2-3).). Таа единствена и посебна служба на римскиот владика ја потврди и Вториот Ватикански Собор: „ во црквената заедница –наоѓаме во догматските конституции на Црквата – со закон се пристуни посебни цркви кои располагаат со свои традиции, додека останува непроменлив приматот на Петровиот Престол кој ја предводи севкупната љубов, ги штити разликите и воедно бдее над тоа што е посебно не само што не му штети на еднинството туку, уште повеќе, и му служи. (Lumen gentium, 13) – истакна Папата.


Драги браќа и сестри, овој празник ми ја пружа можност да ве замолам да ме следите со вашите молитви, за да можам верно да ја извршувам задачата која ми ја довери Божјето привидение како наследник на апостолот Петар. Да ја повикаме за тоа Дева Марија, која вчера овде во Рим ја славевме со убавиот наслов Богородица на Надежта. Неа да ја молиме уште да ни помогне со соодвенто расположение во душата да зачекориме во постното време, која ке почен со пепелницата. Нека Марија ни ги отвори срцата да се преобратиме и да го слушаме корисното Божје Слово - со воие зборови папата Бендикт го заврши ангеловиот поздрав.








All the contents on this site are copyrighted ©.