2009-02-24 14:22:46

Атентат го потресе Каиро: мртва една девојка од Франција


Египет уште еднаш под шок од вчерашниот атентат во Каиро, кога експлодираше бомба во преполнетиот туристички пазар во Кан ЕЛ Калили. Билансот е една мртва девојка, 25 годишна французинка и 25 повредени, повеќето странци. Се истражува околу околностите, до сега властите истражуваат 3 осомничени. Амина Белкасем:


тојцата осомничени се приведени, додека стотици сведоци се испрашани од полицијата за да ги одредат околностите на атентанто кои останвуаат сеуште многу збунувачки; додека некои зборуваат за една, две бомби фрлени од некои од соседните згради, други избори раскажуваат за бомба составена од шајки, поставена под едно седло во блиската џамија Ал Хусеин. Меѓу другото, пристугнува едногласната осуда од интернационалната заедница, и министерот за Надрворешни работи на Франција, Бернард Кушнер, го опиша атентатот како „брутален и кукавички“, прецизирајќи дека една француска туристка е тешко повредена и е во болница.


Претседателот Мубарак ги откажа сите средби во програмата, меѓу кои беше и Џанфранко Фини, италијанскиот претседател на Парламентот, кој што утрово имаше долг разговор со големиот Имам на Универзитето во Ал Азхар, шеикот Тантави.


Не е е првпат Израел да биде цел на терористички напади. Колку влијаеше улогата која Каиро ја играше во кризата во Појасот на Газа? Салваторе Сабатино го праша на Маурицио Салви, претседател на ЦАС за борбата против тероризмот:


Кога Египет ја превзеде улогата на медијатор во конфликтот помешу израелците и палестинците, се појавуваа од секогаш низа атентати; оваа е една нормала, која, очигледно, ја чувствува климата потпалувана отсекогаш во односите меѓу Хамас и Израел, и затоа со тоа што Египет се обиде да посредува, улогата што ја играше го чинеше многу египетскиот народ.


Меѓудругото, како во параленост со атентатот во Каиро се огласи вториот начелник во Ал Каеда, Ал Завахири, кој им се обрати на палестинците во Газа и бара да се отфрли секој разговори во тек за мир со Израелците; како може да се дефинира Ал Каеда денес?
Ал Каеда, очигледно, е една мрежа позади која, според мене, стојат повеќе Земји. Мрежата на Ал Каеда ги одредува условите, и кога постојат медијаторски потези, Египет плаќа големи цени; Египет се залага за еден процес за мир, и за тоа е во линија со израелската политика. Потоа, атмосферата која на која и се отвара простор поради изборите кои се случуваа во Израел, и во таа пригода, напнатата клима поради новата влада која треба да се состави во Израел, тежнее на некој начин да ги заостри ставовите на моќниците; значи, последично, и оваа околност ги одреди условите за оваа насилство.


Новата американска адиминистрација, под водство на Обама, ќе ја смени ли глобалната слика на тероризмот, барем според предвидувањата?
САД ја потврди потребната силна соработка со Европа, со западниот свет за да го разбијат тероризмот; значи, ја нема повеќе надворешната политика на Буш, изолирана, автономна, која на интернационалниот тероризам му одреди достра остри услови. Постои поглема совесност дека тероризмот треба да се разбие со соединетост и никогаш во излорани акции, како што беше случајот на Буш.








All the contents on this site are copyrighted ©.