2009-02-21 17:59:59

Папата во Ифад: да се поддржи земјоделскиот развиток за да се искорне сиромаштвото и гладот


Целта за да се искорне сиромаштвото и гладот во светот не е некоја утопија туку должност на целата меѓународна заедница: тоа го рече Светиот Отец на средбата со присутните од секцијата за Советот на управниците од Ифад, меѓународниот Фонд за развиток на земјоделството, по повод триесет годишнината од оваа агенција на ОНУ.
Бенедикт 16-ти позитивно го процени овој потег на Ифад, во промовирањето на земјоделскиот развиток, посебно во оваа деликатна фаза од историјата кога прехрамбената несигурност и непостојаноста на цените тешко го погодуваат земјоделското население.


Папата повикува на „нови и далековидни стратегии“ за да се совладе сиромаштијата и гладот која во поседно време погодува околу една милијарда луѓе: „секогаш на начин меѓузависен“ потребно е да се соработува помеѓу развиените (богатите) и неразвиените земји преку „заеднички одлучни процеси“. Потребно е да се реализираат нови можности за работа внатре во земјоделските заедници, кои не би биле потоа секогаш зависни од надворешна помош. Понудената поддршка на локалните производители – рече – го потпомага развитокот на економијата од заинтересираните земји, а во овој смисол, проектите од „земјоделскиот кредит“ наменети за потпора на „малите“ земјоделци и селани без земја е да тие можаат да донесат до поголема прехрамбена сигурност за сите:


“These projects also help indigenous communities…
„Овие проекти ја помагаат локалната заедница да просперира на своја територија и да живее во хармонија со своите сопствени традиционални култури, додека во спротивно би била принудена да се искорне самата и да бара работа во преполните градови, полни со социјални проблеми, каде често треба да се поднесуваат бедните услови за живот“.
„Вреден прилог – рече папата – може да дадат невладините организации, од кои некои се во тесни односи со католичката Црква и задолжени се во апликацијата на својата социјална доктрина“. Помеѓу поважните принципи од оваа поука е сусид...///// , според која „секоја група од општеството е слободна да го даде сопствениот прилог за доброто на сите“.


“All too often, agricultural workers…
„Многу често оваа можност е негирана на селаните – земјоделци од неразвиените земји, кога нивната работа е лакомо злоупотребена, и нивното производство пренасочено кон далечните пазари, со мала или никаква корист за локалната заедница.“


„Едно навистина човечко општество – продолжи Бенедикт 16-ти – секогаш ќе знае како да го цени и адекватно да возврати во прилогот на земјоделскиот сектор“ кој ако биде поддржан „има потенцијал да спаси една нација од сиромаштијата и да постави темели за растење на просперитетот“. „За тоа  има потреба за една нова одлучност за работење во армонија и солидарност со сите различни елементи од фамилијата, која, како сега така и за во иднината, ќе биде како гарант на еднаков достап до земјишните добра.“


“The motivation to do this comes from love…
„Мотивите за да се направи тоа доаѓаат од љубовта: љубовта кон сиромашните, љубов која не ја толерира неправдата, љубов која одбива да остане во рим се додека сиромаштвото и гладот не бидат забранети од човештвото. Целта за искорнувањето на екстремното сиромаштво и глад, така како и реализирањето на прехрамбената сигурност и на земјоделскиот развиток, кој за сега изгледа амбициозна и нереална, треба да стане, во овој контекст, одлучувачка заповед за целата меѓународна заедница.“








All the contents on this site are copyrighted ©.