2009-02-20 18:46:08

Семинаристите нека бидат автентични Христови ученици: папата Бендикт се обрати на Папската Комисија за Латинска Америка (ПКЛМ)



Семинаристите нека тежнеат кон свештеништвото, „мотивирани единствено со волјата да бидат автентични Христови ученици и мисионери“. Ова беше поканата упатена утрово од Светиот Отец до учесниците на генералната Асемблеа на ПКЛМ. Во семинариите, едукаторите и професорите – додаде Папата – треба да се карактеризираат со акедмска споспобност и со нивната верност кон Христа“. Амедео Ломонако:


Папата се врати на темите за кои се дискутираше на Генералнта Асемблеа на ПКЛМ и која ја анализираше, минатите денови, предизвиците поврзани со актуелните состојби на свештеничкото образување во семинариите:


“Las recomandaciones pastorales de esta Asamblea…
„Пасторалните, или душобрижните препораки на оваа Асемблеа треба да бидат суштинска тема и појдовна точка за задачите на латиноамериканските бискупи и на оние од Караибите, во деликатноста на свештеничкото образување”.


Папата потоа нагласи како годините поминати во семинарија се одлучувачки моменти за подготвувањето и распознавањето:


“Hoy más que nunca, es preciso que los seminaristas…
Денес повеќе од било кога, е потребо семинаристите, со правилна предиспозиција на духот и без било какви други интереси, тежнеат кон свештеништвото поттикнати единствено од волјата да станат автентични ученици и мисионери на Исус Христос, способни, во заедништво со нивните владици, да ја прикажат присутноста на Исуса во службата и во нивното животно сведочење“.


За време на семинаријата – рече Папата - да се зајакне желбата во семинаристите да се ориентираат длабоко во Христа:


“Para ello es de suma importancia…
Затоа е од голема важност да се одгледува нивнато човечко образување, духовно интелектуално и душебрижно, на истиот начин и адекватен избор на нивните професори и воспитувачи, кои треба да се караткеризираат со нивната акедмска способност и со свештеничкиот дух и со верноста на Црквата, на тој начин да посеат во младите она од што му е потребно и што народот Божји го очекува од неговите пастири“.


Светиот Отец се потсети на неговото патување во Апаресида, во 2007 год:


“Conservo un grato recedo…
Чувам еден благодарен спомен од мојот престој во Апаресида, каде бевме сведоци на една интензивна црквено заедништво, со единствена намера да го примиме Евангелието со одданост и да го прошириме великодушно“.

Мислата, на Папата Бенедикт, стаса и до неодамна починатиот монс. Чиприано Калдерон Поло, долгодишен потпреседател на ПКЛМ:

“El Señor habrá premiado…
Бог нека го награди за неговато оддречување и верноста во служењето на Црквата“.
ПКЛМ беше заснована во 1958 од Папата Пио 12-ти со цел да ја зајакне душебрижничката мисија во латиноамериканската Црква.








All the contents on this site are copyrighted ©.