2009-02-20 12:12:33

Ослободени двете италијански чесни сестри, киднапирани во Кенија. Папата радосен. Интервју на ослободените сестр



После неколку месечната агонија, се пуштени на слобода с. Катерина Џираудо и с. Мариа Тереза Оливиеро, редовнички од редот на Мисионарско Контемплативно Движење „Падре де Фоко“ од Кунео, киднапирани во неомври, на границата меѓу Кенија и Сомалија. Во име на Папата, отец Федерико изрази голема радост, директор на Ватиканскиот печат. Известува Б. Капели:


Конечно слободни. Веста за ослободубањето на двете италјански чесни сестри, грабнати во Ел Вак во северна Кенија на границата со Сомалија, ја објави Фарнезина. Двете мисионерки од редот на „Падре де Фоко‘ “, сестра Катерина Џираудо (67) и с. Марија Т. Оливиеро (61) беа грабнати ноќта помеѓу 8 и 9-ти ноември, од една група сочинета од 200 мажи. Голема радост беше изразена во име на Папата од директорот на Ватиканскиот печат, дон Федерико Ломбарди. „Со месеци се молевме за нив“, рече, додавајќки дека не треба да ги заборавиме сите оние кои се молеа за нив“. Мисионарките работеа веќе две години со сомалиските бегалци. Откатко беа грабнати и однесени во Сомалија, добивавме повеќ информации за нивната состојба и ете одеднаш денес се случи пресврт. На микрофон Лука Колоди, ја слушаме сестра Катерина Џираудо:
 
*********
Еве ме овде пресреќна сум, без зборови, заедно со мојата сестра Марија Тереза. Навистина воскреснавме, среќни сме, и немаме зборови со кои може да ја искажеме нашата благодарност за сето она што беше сторено за нас, не само за да не ослободат туку и за она што го преживеавме. Токму сега сфаќаме дека навистина многу луѓе ни се имаат придружено во молитвите, со мислите, со љубовта, со стравот. Ние го знаевме тоа и бевме сигурни, но сега го допираме и со рацете. Многу сме благодарни.


Сестра Катерина, како ги поминувавте овие денови?
Поминаа 102 дни во агонија. Но, пред се, сакавме да го искористиме сето ова време за молитва и таа не ослободи, не поддржуваше сето време: вера и молитва, сигурност дека не бевме сами. Иако физички не чувствуваме ништо, бевме сепак сигурно дека Господ е со нас. И бевме уште сигурни дека многу луѓе се молеа за нас. Значи, ова беше неисцрплива сила за нас. Треба да кажеме уште дека и тие што не затворија сепак добро се однесуваа со нас.


Сестро Катерина, Ви објаснија која беше целта на киднапирањето?
Тие велеа дека сакаат само пари, само тоа.


А вие успеавте да разговарате мирно со нив?
Разговравме малце, бидејќи, фала му на Господа, јас можев да комуницирам по малку сомалиски. Затоа разговаравме пријателски, доста пријателски.


Голема радост и кај сестра Мариа Тереза Оливиеро:
Добро сум, среќна сум, пресреќна сум што стојам слободна на ова земја во Кениа, со толку внимание околу нас. Ни праваат веселба, многу сме задоволни.


Сестро Мариа Тереза, што може да ни кажете за поминатите денови во заточеништво. На што мислевте овие денови?
Барав да не размислувам многу, бидејќи ако мислев на некого или нешто срцето ме стегаше. Затоа се трудев да живеам на ведар начин она што го имав пред мене. Но имавме голем страв. Толку денови без новости, времето беше предолго. Се бодревме помеѓу нас: Сестра Катерина знае помалку сомалиски и створивме добро пријателство со оние кои не киднапираа.
 
Во некои мигови бевте преплашени или сепак надежта беше посилна...
Да, се плашевме но продолживме напред бидејќи немавме друг избор. Бевме исплашени но имавме и голема надеж. Сакам да му се заблагодарам на Светиот Отец што ни беше близу, го осетивме тоа. Благодариме, благодариме, благодариме!


Колку ви помогна верата?
Верата ни помогна 100%: ако не беше за верата мислам дека немаше да успееме.


Неочекувана вест за ослободувањето на сестрите беше примена со големе радост и во редот на Падре де Фоко‘ на кој припаѓаат сестрите. Радоста на дон Пино Изоарди, одговорен за движењето:
Навистина сме пресреќни, нормално после толку долго исчекување не очекувавме воопшто да се случи тоа така одеднаш. Но немаме зборови за да опишеме колку сме задоволни. Веднаш се собравме во капелата, вклучувајќи го и дон Андреа кој е доста болен и слаб но сепак дојде и го пеевме „Мањификат“ бидејќи долго време ја чекавме таа пригода да запееме сите заедно токму поради оваа причина.


И Папата испрати апел за нивното ослободување. Голема солидарност околу вас...
Голема солидарност, веќе му заблагодарвиме на Светиот Отец, но пак ќе му се заблагорадиме за сите негови молитви кои ги предизвикаа овие случувања а посебно срдечно му се заблагодаруваме на Министерството за надворешни работи, министерот Фратини, и ќе го спомнам и шефот за кризниот сектор, конзулот Фабрицио Романо, заедно со неговите соработници, бидејќи освен што работеа со голем труд се однесуваа многу љубезно со нашите најблиски и со заедницата.


Многу апели беа испратени за осободувањето и папата Бенедикт 16-ти го крена својот глас минатиот 26-ти декември на ангеловиот поздрав, за ослободувањето на двете чесни сестри:
„Би сакал во овој момент да ја почуствуваат солидарноста на Папата и на цела Црква. Исус Христос, кој раѓајќи се дојде да ни го донесе дарот на својата љубов, нека го допре срцето на киднаперите и нека им овозможи на нашите сестри што побрзо да бидат ослобдени за да можат да го продолжат своето безинтересно служење на најсиромашните браќа“.








All the contents on this site are copyrighted ©.