2009-02-20 12:21:53

Економската криза и мирот во Блискиот Исток централни теми на аудиенцијата помеѓу Бенедикт 16-ти и британскиот премиер Гордон Брау



Да се застапуваат проектите за човечката промоција за развојот и мирот, посебно во Блискиот Исток: е она што го посакуваат Папата и британскиот премиер Гордон Браун, кој утрово беше примен во Ватикан со неговата делегација. Потоа, за ватиканскиот печат, Премиерот изјави дека го поканил Папата да ја посети Англија. Пред самата средба, Гордон Браун – кој го подготвува Г20 во Лондон на 2 април – напиша статија за „L’Osservatore Romano“ со налсов „Економската криза и искоренувањето на сиромаштијата“. Од А. Џизоти:

Бенедикт 16-ти и Гордон Браун, известува една нота од ватиканскиот Печат, „се осврнаа на актуелната економска криза“ и на фактот дека „треба да се продлжи со иницијативите во корист на помалку развиените земји“, овозможувајќи ја соработката на проектите за човечката промоција и почитта на околината и подпомогнатиот развој.“ Папата и премиерот, посакаа „обновено залагање од страна на меѓународната заедница за да се решаат актуелните конфликти во Бискиот Исток. На крај, заклучува нотата, согледаа неколку билатерални точки, во интерес пред се за Католичката заедница во Велика Британија“. Значи, централна тема на приемот беше борбата против сиромаштијата, како и на следните разговори со секретарот на Државата, кардинал Тарчизио Бертоне и со архиепископот Доминик Мамберти. Токму за економската криза станува збор и во статијта што Браун ја напиша за „Осерваторе Романо“.

Глобалната рецесија „бара еден глобален одговор“, нагласува премиериот додавајќи дека „наша заедничка задача е да не ги оставиме во втор план, потребите на најсиромашните земји на кои се оддзиваме само поради морална должност или поради грижа на совестта“. За Браун дојде времето кога земјите во транзиција треба да се внесат во интернационалните решениј, од кои имаме потреба.“ Затоа ја нагласи важноста на оние религиски вредности, како што се „правдата и солидарноста“ кои своевремено ги поттикнаа преставниците на двете држави да покренат финансиска иницијатива за вакцина на сиромашните деца (International Finance Facility for Immunisation). Првиот бонд за имунизација го подари Папата во 2006, рече Браун, беше еден важен показател на заедничкиот труд во корист на меѓународниот напредок. Заблагодарувајќи им се на овие обврзници, стои во „Осерваторе Рромано“,од денес па до 2015 г., 500 милиони дечиња ќе бидат вакцинирани. Со цел да го потврди тој резлутат, премиерот Браун утрово му поклони на Папата фотографија од една мајка од Етиопија која го спасила свето дете благодарејќи на добиената вакцина од првиот бонд на вакцини, кои ги донираше Папата во 2006. Меѓудругото Браун ја нагласи важността на идниот самит на Г20, во Лондон. Токму вчера говорејќи им на новинарите од „Downing Street“ објасни што се очекува од овој самит:


What we need is a world...
Она од што имаме потреба, рече Браун, е светот да работи заедно. Секој дел од светот треба да придонесе во окрепувањето на економијата, треба да ја даде својта подршка на економски план со нови инвестиции, да се оддржуваат ниски даноците од интерес. Г20 на 2 април, посака Браун, да послужи да се изнајде начин на кој земјите ќе можаат да ги исполнат овие цели.


All world has to come...
Сиот свет – изјави уште – треба да се соедини за да испрати порака за поддржување на една отворена економија, а не заштитничка. Заштитувачката економија – предупреди – е пат кој води кон пропаст, што значи помалку трговија, помалку работа и би хранел само еден на галеници во сел континент".








All the contents on this site are copyrighted ©.