2009-02-20 12:14:53

Протести од Црквата во Светата Земја против навредите кон Исус и Марија во една израелска телевизија




Предизвика несигурност и осуда, програмата на 10-от канал на израелската телевизија која во една од емисиите ги нападна фигурите на Исус Христос и Дева Марија. Во нота-известува Сир- католичките владици во Светата Земја зборуваат за „страшни навреди и гадни напади„, „ипратени против нашата вера и со тоа против христијаните“. Во текстот – потпишан од 12 католички верски лидери меѓу кои и ерусалимскиот латински патријарх Фуад Туал, и пензионираниот патријарх Мајкл САбах, отец Пиербатиста Пицабала, „чувар“ на Светата Земја и монс. Елиас Чакур, грчко-мелхитски архиепископ од Акка – евиденцираат дека програмата „ е еден показател на големите проблеми приустни во општествтото, како нетрпеливоста, одбивањето да бидат прифатени и почитувани другите“ и сето ова се вметнува во „најопсежниот дел од нападите против христијаните во целиот Израел во последните години.“ меѓу овие, владиците ги спомнуваат копиите на Новиот Тестамент јавно запалени во дворот на сингогата Ор Јехуда. Од прелатите пристигна една молба да „превземат една соодветна акција потребна за да се доведе до крај таквата страшна профанација на нашата вера„. „несфатливо е – додаваат- да се појавуваат овакви инциденти во Израел, кој е домаќин на неколку најдраги светишта на христијанството, и кои се поверуваат на поклоници од христијанските нации“. (Б.Ц)








All the contents on this site are copyrighted ©.