2009-02-19 10:38:52

Монс. Физикела: ризикот на „генетското развивање“ не е само теоретски. Конгресот презентиран околу темата на Папската Академија за Живот (ПАЖ)


Да се провери дали во генетските експерименти се присутни појави кои вршаат еугенетско дејствие, е целта на интернационалниот Конгрес концентриран околу темата „Новите граници на генетиката и ризикот на еугенетиката“ кој следниот петок и следната сабота ќе се одржи во Ватикан. Случајот, помовиран од ПАЖ, беше претставен во ватиканскиот печат. На конференцијата присуствуваа архиепископот Рино Физикела, претседател на ПАЖ, монс. Игнасио де Паула, канцелар на истото административно биро, и проф. Бруно Далапикола, доцент за медицинска Генетика на Универзитетот „Ла Сапиенца“ од Рим.


Генетските достигнувања – рече монс. Физикела – припаѓаат на постојаниот и френетичкиот технолошки напредок кој се чини дека нема граници: во денешно врме можно е одредување на илјадници гени кои овозможуваат познавање на различни болести и често даваат конкретни можности да се надмине наследнота патологија. Но, секое научно достигнување секогаш неизбежно со себе го носи оној дволичен поглед кој ја покажува убавината и во исто време трагедијата. Различни проекти во науката, биологијата и политиката – објасни монс. Физикела – донесуваат „етички суд, посебно кога се сака да се поддржи дека еугенетски акт се врши во име на ‘секојдневието‘ на животот“:


„Овој менталитет со сигурност редуктивен, но присутен, зема во предвид „дека постојат луѓе кои имаат помалку вредности од другите, било поради нивните услови за живеење, т.е. сиромаштијата и недостатокот на образование, било поради нивните физички условии: на пр. хендикипираните, ментално болните, личностите во т.н. 'веѓетална состојба', тешко болните старци“.

 
„Еден фин јазичен формализам како добра реклама поддржан од големите економски интереси – примети монс. Физикела – од поглед ги губи вистинските опасности кои создаваат таков менталитет кој повеќе не е во можност да го спознава присутното зло и да формулира соодветен етички став. Ризикот на генетичкиот развиток - додаде – не е само теоретски, но за жал припаѓа на еден менталитет кој постепено и сурово тежнее да се шири. Монс. Игнасио Караско де Паула потоа спомна за првишната цел на Конгресот:


„Првичната цел е да се привлече вниманието околу познатите прилагодувања кои може да ги одржиме од генетското истражување – како се чини корректно и пожелно – само ако било напорот на истражувачите како и на јавните и приватните инвестиции се адресирани до неа (генетиката), надминувајќи го искушението од привидни скретеници предложении од еу-генетиката.“

Професорот Бруно Далапикола се задржа околу последиците поврзани со познавањето на човечкиот ген: многу познавања од генетиката пред да бидаат експериментирани – потврди Далапикола – се пренесуваат на „пазарот за здравје и им се препорачуваат на корисници кои се надвор од протоколот“со кои медицината би требала да се приближи до дијагностичките изуми. Утврдувањето на биолошката разноликост сепак помага да се гледа „на секој пациент не повеќе како на број ниту пак на едноставен производ со генетски код, туку да се гледа како на личност“.
 
„Постои големо воодушевување за овој научен напредок, кој навистина го променува животот. Сфаќањето на болестите од биолошка основа ни дозволува да ги подобриме проценките во дијагнозата. Но со сигурност потребно е претпазливост и внимание во употребата затоа што не сето она што се продава како ‘чисто злато’, е добро за човештвото.


Одговарајќи на новинарските прашањата, монс. Физикела најпосле потврди како изјаснувањето на Црквата, исто така околу темите поврзани за почетокот и крајот на животот, не треба да бидаат маргинализирани:


„Барем во едно лаичко демократско општество, прашањата кои се присутни на територијата не треба да се само познати како такви. Законодавецот треба да предупреди за потребата да се сослушуваат различните побарувања за да се истражува да се дојде до една конечна законска одлука која треба да биде повеќе слична на тоа плуралистичко општество каде има и католици“.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.