2009-02-16 11:26:15

Рускиот патријарх Кирил му одговори на Папата Бенедикт: односите меѓу двете Цркви да вродат се повеќе плодови


Новиот руски Патријарх Кирил му испарти писмо на Бенедикт 16-ти, во одговор на честитките пратени од страна на Светиот Отец во пригода на неговото устоличување во Москва, прославено во јануари. Известува Серџо Чентофанти:


*********
Г. Кирил, средечно заблагодарувајќи му се за топлите зборови и за честитките примени од Светиот Отец, посакува „плодонесен развој на односите помеѓу Католичката Црква и РПЦ. Патријархот потврди дека ја прими новата одговорност покорувајќи се на Божјата волја. Како приоритети во новата должност – појасни- е потребата да се афирмираат и потврдуваат вредностите на Христовото Еванѓелие во денешницата“. Се изјаснува уште дека е уверен поради тоа треба да продолжат дијалогот и соработката на сите оние кои се нарекуваат христијани“. Продолжувајќи по патот на неговиот предходник, Алексиј Втори, патријархот Кирил му гаранитраше на Папата дека РПЦ ќе остане непроменето отворена за соработка со оние кои се изјаснуваат како Христови следбеници и го одджуваат традиционалниот поглед во согласност на пораката која христинаните треба да ја носат во денешниот свет. Меѓу соработниците на ова поле – додава Патријархот- Католичката црква од Рим зазема посебно место, на тој начин посебно и во заедничките напори на христијаните“ вели уште – е токму она што папата Бенедикт го прави персонално“. Г. Кирил го завршува своето писмо посакувајќи му на Папата „мир, здравје и помош од Бога во својата дејност“.








All the contents on this site are copyrighted ©.