2009-02-16 11:23:59

Бенедикт 16-ти на денешниот Ангелов Поздрав: христијаните да ја пронајдат повторно вредноста на Светата Исповед


Преку сакраментот на Поkaјанието, Христос не очистува со своето неизмерно милосрдие: со овие зборови папата Бендикт се обрати за време на Ангелус-от утрово на плоштадот Св. Петар. Папата го кометираше дел од евангелието по Марко кој го опишува чудесното излекување на лепрозниот. Со што ги покани верниците се почесто да се исповедуваат. Известува Алесандро Џизоти:


Да се поврати вредноста на Светата Исповед: се зборовите со кои Папата размислуваше пред толпата на неделниот Ангелов Поздрав. Според античкиот еврејски закон, објасни Папата, „лепрата не беше сметана само за една од многуте болести, туку најтешкоит облик на нечистотија за култот„ поради кое лепрозниот беше оддалечуван од заедницата се додека не се излечи целосно:

„Затоа лепрата значеше еден вид религиска и социјална смрт, додека пак нејзиното излекување - еден вид воскресение. Во лепрата може да се видат знаци на гревот, којшто е вистинска нечистотија на срцето, способен да не оддалечи од Бога. Не се вели, всушност, дека телесната болест на лепрата, како што налагаа старите норми, е таа која не оттуѓува од Бога, туку гревот - духовното и морално зло“.
 
„Гревовоите кои ги правиме – продолжи – не оддалечуваат од Бога, и, доколку не се исповедени понизно надевајќи се во Божјето милосрдие, стигнуваат до тој степен да ја доведат душата до смртта“. Овде се гледа извонредноста на исцелувањето на лепрозниот:


„Ова чудо има една голема симболична вредност. Исус Христос, како што профетираше Исаија, е Слуга Божји кој „се натоври со нашите маки, се облече со нашите болки“(Ис. 53,4). Додека пати ќе се претвори во лепрозен, извалкан од нашите гревови, одделен од Бога сето ова го прави од љубов, за да добие помирување, опрост и спасение“.

 
Потврди уште дека како во Светата Исповед, Христос распнат и воскреснат, преку своите свештеници, „не очистува со своето милосрдие, не враќа во заедништвото со Небесниот Отец и со браќата, ни ја подарува својата љубов, радостта и мирот“. Потоа рече уште:
„Драги браќа и сестри, да ја молиме Дева Марија, која Бог ја сочува чиста од секаква нечистотија на гревот, да ни помогне да го избегнуваме гревот и да одиме се почесто на Св. Исповед, сакрамент на Опростувањето, кој денес треба да се октрие уште еднаш во својата вредност и пресудна важност за христијанскиот живот“.








All the contents on this site are copyrighted ©.