2009-02-14 13:40:54

Елуана: денес погребот додека политчката дебата продолжува






Елуана Енларго денес беше погребана покрај родителите на нејзиниот татко, во фамилијарната гробница, на гробиштата Сан Даниеле, во Палуца провинција на Удине. Погребот го предводеше парохот на Палуца, дон Тарчизио Пунтел. Валентина Пагани:
********
Со религиозниот обред се заклучи денес тажниот и болен чин, кој многумина би сакале да го претворат во сукоб помеѓу католици и лаици. Да го слушнеме што мисли владиката од Киети Васто, Бруно Форте, интервју од Серџо Чентофанти:


/ Вервувам дека оваа контрапозиција е од корист, бидејќи никогаш порано во фондаменталните етичките границата не проаѓа попреку религозната одлука, туку проаѓа фондаменталната идеа на човека и на натуралниот закон, кој има цел да ги соедини човечките суштества. Ако не постоше тој природен закон кој не обединува, нема да постои никаков дијалог, ниту пак ќе постоеше сооработката помеѓу човеките суштества. Сигурно, кој ја има верската преспектива има мотив повеќе да признае дека човечкиот живот има безгранична вредност и е дар од Бога и само тој може да ни го скрати; но сепак се прашувам како е можно, нашите браќа и сестри, кои не се верници, да не се препознаваат во таа бесконечна вредност на сечиј човечки живот, било каква била неговата состојба. Токму врз ова спознавање, кое меѓу другото се основа врз дијалогот, глас на универзалната свест, која се базира врз соживот на човечките битија.


/Во целиот овој случај, меѓу многуте брборења, се појавува тивкото сведочење на сестрите од редот Милосрдници, кои се грижеа со љубов за Елуана веќе толку години...
Верувам дека нивната дискреција, и во употребата на медиите и на зборовите, е пред се еден величенствен пример за сите: љубовта која овие чесни сестри им ја подарија на Елуана е надвор од секаква дебата. Нивната желба да продолжат да го чуваат животот на Елуана, со бескрајна топлина и со изразувањето љубов, која едноставно се прожема низ срцето на секојдневието, едноставните гестови на милост, сето ова е една порака над која верувам , сите ние треба да размислиме, верници и неверници, било ако сме за животот, за негова тутела до последен момент, било ако некој ја условува и кондиционира безбедноста. Еден закон за крај на животот би требало да го ја има во предвид Елуана, која умира но исто така и чесните сестри која се грижеа за неа, и треба да се размисли сериозно над овие факти, прибидејќи прогласениот закон треба да биде на корист и промовирање на честта на секое човечко суштество".


Политиката, меѓудругото, продолжува да дискутира за биолошкиот тестамент. Претседателот на Собранието, Фини, се осврна на потребата за еден легилсетивен глас. Додека премиериот Берлускони, најавува кроење на закон против евтаназијата, Велтрони потврдува со јасно НЕ, од страна на ДП, на севкупната законска слика на владата.










All the contents on this site are copyrighted ©.