2009-02-03 12:18:01

Бенедикт 16-ти до новиот руски Патријарх, Кирил: да го зацврстиме дијалогот помеѓу католиците и православните. Интервју на кардиналот Каспер


Писмо во кое, на новиот руски Патријарх, му се изразува „почит и духовната блискост“, и со цел да се потврди желбата за добритте односи во меѓусебното прифаќање и почитта на двете Цркви, кои во последно време се повеќе се зацврстуваат на патот. на кој сето ова беше изградено благоадерени на сорботката што ја обезбеди Патријархот Алексиј Втори. Овие се суштинските точки, на кои Папата обраќа внимание во писмото до новоустоличениот Патријарх.


Во писмото Папата Бендикт, се осврнува на досегашниот придонес во екуменискиот дијалог, во заслуга на г. Кирил како преставник на Одделот за надоворешни односи на РПЦ, сегашен Патријарх на Русија. „Кирил одигра многу важна улога во обновувањето на односите меѓу нашите Цркви: тој однос пред се карактеризиран и е основан врз пријателство, меѓусебна почит и искрен дијалог, способен да им се спротивстави на пречките во екуменското чекорење“, вели Папата во писмото, и се доврзува уште: „се надевам дека ќе продолжиме да соработуваме за да најдеме начин да го зајакнеме и фаворираме заедништвото во Христовото Тело“.


Но сепак конгратулационото писмо на Папата, се осврнува и на делото на Неговата Светост, Алексиј Втори: „нашиот многу сакан и далеку почитуван брат, остави длабоко наследство во Православната Црква, благодарение на кое успеа да ја изведе од тешките времиња, ознчени со страдание и тешкотии, за време на еден целосно атеистички систем, во едно ново доба во општеството каде Црквата е активно присутна. Патријархот Алексиј, работеше активно за одржување и на единството помеѓу црквите во Православниот свет, одржувајќи го отворениот дух за дијалог и единство со друѓите христијани во целиот свет“, изјавува Папата Бенедикт во конгратулационото писмо. Со заклучни зборови го поздравува актуелниот духовен водач на РПЦ: „Сигурен сум, Ваша Светост, дека ќе продолжите да ја градите иднината градите врз оваа доста солидна основа, за доброто на вашиот народ и за доброто на христијаните од целиот свет“.


На церимонијата во Храмот „Христос Спасител“ во Москва, вчера присуствуваше и Ватиканската делегација на чело со кардиналот Валтер Каспер, претседател на Папскиот Совет за Единство на Христијаните, кој му го врачи писмото на ново устоличениот Патријарх Кирил, и подарок путир - во знак на голема желба за да стигнеме конечно кон целосното единство. Денес кардиналот Каспер се сретна со новиот руски Патријарх, веднаш после тоа следува телефонското интервју, предводено од Амедо Ломонако:


*********
"Само што ја завршивме нашата прва средба со новиот Патријарх на Москва и на сите Русии, кој искрено се заблагодари за поздравите и честитките, за кои бев назначен од Светиот Отец лично да му ѓи предадам. Потоа, рече уште дека сака да ѓи продолжи пријателството и соработката меѓу двете Цркви, кои предходно се одвива под раководство на неговиот претходник. Зборував пред се за соработката во општеството, културата, се осврвнавме исто така на финаскиската криза која го зафаќа светот, и Црквата во овакви ситуации мора да изразат подршка и да даваат надеж. Патриархот Кирил додаде дека нашиот диалог е тесно поврзан со единството во Црквата, со идеолошките проблеми, прибидејќи тоа што го имаме за заедничко на општествен план, пред се се базира врз нашата заедничка вера.


Кои се, според Вас, перспективите на екуменскиот диалог?
Во екуменскиот диалог, со сите обидените Православни цкрви, сакаме да одиме напред во овој процес. Имам впечаток дека овој диалог се одвива добро и се надевам дека русите ќе можаат пак да се вратат на преговарачките маси.


Католичката и РПЦ се соединети во доста важна задача за спроведување на христијанските вредности во Европа...
Да, вистина е, но треба да не се заборава минатото на РПЦ која живееше под атеистички режим без никакви христијански вредности. Сега, сакаат да ги спроведат повторно истите тие вредности, но воедоно оваа е задача и на Европа, иако Русија не е дел од од унијата, сепак останува важен фактор во истата, и ние сме задоволни и подготвени да им помогне во тој смисол, бидејќи, како што е познато, христијанските вредности се човечки основни вредности и истите се во опасност. Пред се во Западна Европа треба да посведочиме за истите: пред се едно сведочење кое влева надеж..


Во говорот на почетокот на мандатот на новиот руски Патријарх, Кирил, се посветува посебно внимание на младите и на единството на Православнта црква. На темава се осврнува Салваторе Сабатиано кој бара мислење од Луиџи Џенинаци, експерт во италијанскиот дневен весник- Авенире.
Прибидејќи, токму ова се караткеристиките на новиот Патријарх: да се инсистира на еванѓелското сведочење во денешното руско општество, кое не се разликува во многу од Запдното секуларно општество. Од друга страна, еден од проблемите кои од секогаш ја мачеле Руската Православна Црква е внатрешното единство, загрозено од неколку расколи – како и заедништвото со другите православни цркви. Околу проблемите внатре во РПЦ, Кирил даде јасен став: треба да се бранат канонските границите на руската територија, напоменувајќи ги одделувањта кои се случија во Украина, но пред се во тензиите со Црквата во Естонија, која се прогласи за независна од Москва.


Борбата против секуларството е примарна задача во пасторалната мисија на Кирил. Кои би биле првите потези на новиот Патриарх во оваа насока?
Според она што го направи во неговата претходна служба, во последниве 18 години, бездруго ќе ја зацврсти својата критчна анализа кон релативизмот – термин кој го изговори и вчера, во проповедта после устоличувањето и ке земе нови иницијативи. Во ова е многу близок со Бенедикт Шеснаесетти, со кој се сретна повеќепати претходниве години. Бездруго, треба да се очекува голема синтонија и слични дејствувања.


Кирил беше дефиниран „Патриарх на дијалогот“. Кои новости да ѓи очекуваме во овој план?
Што се однесува до екуменскиот дијалог, веднаш откако беше избран, Патријархот Кирил даде доста опрезни изјави. Може да кажеме дека тонот ќе биде секогаш истиот: постојат отворени проблеми со Христијанските Цркви од Запад, посебно, што се однесува на Католичката црква, па, тоа е најважно сега, атмосферата за разговор е променета. Верувам дека со новиот патриарх таа атмосфера уште ќе се подбри во иднина, во смисол на тоа дека проблемите че бидат согледани цо конструктивен дух, барем тоа е желбата на сите и надешта на католиците во Русија".


Вчера, заедницата православните руси во Рим, во чест на новиот нивни Патријарх Кирил, одржаа пресвета литургија на гробот на Св. Кирил, во базиликата на Св. Климент, просејќи од Бога да му даде сила и духовна крепост и да РПЦ, под неговото духовно водство, го исполни своето спасоносно дело за спасение на душите е закрила на своето стадо, во државата и надвор од неа, на слава Божја.















All the contents on this site are copyrighted ©.