2009-01-23 17:56:41

Приемот на претседателот Бранко Црвенковски кај Папата Бенедикт 16-ти


Утрово Папата Бенедикт XVI го прими претседателот на Република Македонија, г. Бранко Црвенковски, после тоа тој беше примен исто така и од кардиналот Тарчизио Бертоне секретарот на Ватикан и од архиепископот Доминик Мамберти секретарот одговорен за односите со другите држави.


Претседателот изрази голема благодарност за вниманието и подршката од страна на Светата Столица кон Македонија уште од нејзината независност, исто така потсети и на добрите односи помеѓу двете држави, доказ за тоа е исто така годишната посета на Рим од страна на една официјална делегација по повод празникот Свети Кирил и Методи.


Од другата страна Папта изрази благодарност кон Претседателот за неговата посета и изрази надеж дека спорот за името помеѓу Македонија и Грција ќе се реши наскоро и дека наскоро Македонија ќе го заземе своето заслужено место во Европската Унија.











All the contents on this site are copyrighted ©.