2009-01-09 15:27:34

Папата: јасен повик до одговорните за прекин на борбите во Светата земја


Во вчерашниот говор пред молитвата на ангеловиот поздрав Папата се потсети на неделните литургиски читања и на личноста на Св. Јован кој што бил скромен рибар, но верен сведок на Исус Христос. Литургијата денеска повторно предложува да се размислува за истото тоа евангелие кое беше читано на Божиќ, т.е. Прологот на свети Јован. После буката која владеше претходните денови и трчањето за даровите, Црквата повторно не повикува да размислуваме за Тајната на Христовото раѓање, за да можеме уште подобро да го сватиме неговото длабоко значење и важност за нашиот живот. Тргнува одозгоре, “Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Бог беше Словото„ (Јв 1,1); и еве незамисливи и за човекот неразбирливи новости: “И Словото стана тело и се всели во нас„ (Јв 1,14а). Не е тоа реторичка фигура, туку доживејано искуство! Ни го пренесува тоа Јован, очевидец: “полн со благодет и вистина; и није ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот„(Јв 1,14б). Не се тоа учени зборови од рабин или писмознајач, туку тоа е длабокото искуство на скромнијот рибар кој уште како млад го привлече Исус од Назарет, и који што во трите години на заеднички живот со него и со другите апостоли ја искуси неговата љубов – така да самиот себе се нерекува “Ученикот кој што Исус го сака„ – тојвидел како умира на крстот и беше сведок за неговото јавување после воскресението, и заедно со другите го добива неговиот Дух – кажа Светиот Отец. Од целокупното искуство, за које размислувал во својето срце, Јован стекнал една длабока сигурност: Исус е утелотворена Божја Мудрост, тој е неговото вечно слово које постана смртен човек. За вистински Израелец, кој го познава Светото Писмо, тоа е исполнување на целиот Стар Завет: во Исус Христос се исполнува во целост Божјата Тајна, им говори на луѓето како на пријатели, кој што му се објавува на Мојсеј во Законот, на мудреците и на пророците. Запознавајќи го Исус, живеејќи со него, слушајќи го неговото проповедување и гледајќи ги чудата кои ги правел, учениците спознале дека во Него се исполниле сите Писма. Како што малце подоцна потврдува еден христијански писател: Целото Божје Писмо го содржи една едиснтвена книга и таа единствена книга е Христос, таа говори за Хрситос и во Христос го наоѓа своето исполнувањје (Хуго од Свети Виктор, Де арка Ное, 2,8). Секое машко и секоа жена треба да пронајдат смисол за својот живот. А за тоа не се доволни книги, па дури ни свети Писма. Витлеемското Дете ќе ни открие и ќе ни го покаже вистинското “лице„ на добриот и верен Бог, кој не сака и не не напушта дури ни во смртта: “Бога ниокј никогаш не Го видел„ заклучува Јовановиот Прослов, “Единородниот Син, кој е во крилото на Отецот – Он го објави„ (Јв 1,18) – истакна Папата. Прва која го отвори срцето и размислуваше за “Словото које постана тело„ беше Марија, Исусовата Мајка. Понизна девојка од Галилеја постана така “престол на Мудроста„! Исто така како апостолот Јован, секој од нас е повикан “да ја земе при себе„ (Јв 19,27) за да можеме длабоко да го запознаеме Исуса и искусиме неговата верна и неисцрпна љубов. Тоа е моја желба која ја употува на сите вас, драги браќа и сестри, на поцетокот на ова нова година, со овие зборови Бенедикт ХVI го заврши својот говор.


После молитвата на Ангелот Господов упати силен повик до одговорните за прекин на борбите во Светата земја и сите луѓе со добра волја да се молат за што побрзо прекинување на тие борби и нивно решавањје по мирен пат. Патријарсите и поглаварите на христијанските Цркви во Ерусалим ги повикуват верниците денеска во сите Цркви во Сватата земја да се молат за завршување на борбите во појасот Газа и упатувата молитвен повик како би завладееле мир и правда во нивната земја. Им се придружувам и барам од вас да го правите истото, сеќавајки се, како они кажуват, “на жртвите, на ранените, на сите тие чиј што срца се скршени, кој што зивејат во тешкотиј и страв, нека Бог ги благослови со утеха, стрпливост и мир кој доаѓа од него„. Драматичните вести који пристигнуват од Газа пакажуват во колкава мера одбивањето на диајлогот доведува до доста тежок товар кој доведува до мачење и пустошење, каде има повторно жртви на омраза и војна. Војната и омразата не се решение на проблемите. Тоа го потврдува и неодамнешната историја. Значи се молиме “Детето во јаслата...“ да ги надари властите и одговорните од двете страни, Израелци и Палестинци, за веднаш да се доведе до крај оваа сегашна трагична ситуација.












All the contents on this site are copyrighted ©.