2008-12-12 11:52:24

На Ангеловиот Поздрав, Папата Бенедикт XVI се помоли за жртвите во Индија и Нигерија во „немилосрдно и безмислено“ насилство. За почетокот на Божиќното време Папата потврди дека Бог ни го дарува Своето време



Папата за време на Ангеловиот Поздрав се помоли за жртвите од трагичните и крвави настани во Индија и Нигерија. Во првата недела од Адвентот, ден во кој се слави и св. Андреј, Папата побара да се размисли околу „безмисленото насилство“.
После ангеловиот Поздрав, Папата ги повика сите верници кои беа на Плоштадот св. Петар да се соединат во молитва „за сите жртви како од терористичките напади во Мубаи, во Индија, така и од престрелките  во Јос, Нигерија. Повика да се помолат и за ранетите од овие настани.


„Различни се причините на овие трагични настани, но мора да е заеднички грозотијата кој внесе немилосрдно и мезмислено насилство. Да го молиме Господа да ги допре срцата на оние кои се во заблуда дека ова е вистинскиот пат по кој може да се решат сите локални и меѓународни проблеми и да се поттикнеме да дадеме пример на благост и љубов за да изградиме друштво дојстоно за Бога и овекот.“


Посебно време за размислување е Адвентот, со кој се започнува новата литургиска Година. „Овој факт не повикува да размислиме за димензиите на времето, кој врз нас делува секогаш со голем чар“.


„Сите велиме дека ’ни недостасува време’, затоа што ритмот на секојдневниот живот стана пребрз за сите.“ Но „Црквата – додаде Светиот Отец – ни носи ’радосна вест’: Бог ни го дарува Своето време“.


„Секогаш имаме се помалку време; посебно за Господа, кој не знаеме, или понекогаш, не сакаме да го најдеме. Но затоа Бог има време за нас! Тоа е првото нешто кое почетокот на литургиската Година секогаш ни го открива со нова восхит. Бог ни го дарува Своето време, зашто со Словото Божје и со своите дела на спасението влезе во историјата, за да ја отвори засекогаш и да ја направи историја на сојузот.“


Во таа преспектива, времето веќе сам по себе е основен знак за љубовта Божја:



„Дар кој човекот, како и се друго, во можност е да го искористи или, во спротивно, да го злоупотреби; или да го прифати неговото значење или површно да го занемари.“


Папата наведе три „големи ’основни темели’ на времето, кои ја означуваат историјата на спасението“: создавањето, отелотворувањето-спасението и последното доаѓање со сепштиот суд. Но овие три моменти не се „во хронолошки (временски) редослед“. Точно е дека создавањето е од самиот почеток, но тоа продолжува понатаму се до крајот на времињата. Исто така и отелотворувањето-спасението се простира пред и после раѓањето и смртта на Исуса. Додека посленото доаѓање и последниот суд делува врз поведението на луѓето од секоја епоха (период). Колку ли е корисен Исусовиот апел, предложен во оваа прва недела од Адвентот:


„’Да бдеете!’ Се однесува до неговите ученици, но и до ’сите’, бидејќи, во часот кој само Бог го знае, секој ќе биде повикан да одговори за сопственото постоење.“


„Ова подразбира вистинско одвојување од добрата на земјата, искрено покајување за сопствените гревови,делотворна милост кон ближниот и пред се понижена доверба во рацете Божји.“


После Мариината молитва, Папата изрази посебна почит кон апостолот Андреј, братот на Симеон Петар, заштитник на Царигратската Патријархија, по кој „Римската Црква се осеќа поврзана со посебна братска врска“.








All the contents on this site are copyrighted ©.