2008-12-12 11:52:17

Бенедикт XVI на Генералната аудиенциjа: доаѓањето на Христос е“ река на доброто” и на надежта коjа го побудува злото на прародителскиот грев


Ако "реката на злото” потече во човечката историја од прародителскиот грев од првиот Адам, Бог воспостави “река од чисто добро” со доаѓањето на својот Син, “новиот Адам”. И во таа оптика- потврди Бенедикт XVI на неделната генерална аудиенција- треба да биде и денес разбрана смислата на прародителскиот грев, знак на човечката слобота да избира насилство наместо љубов. Пред околу седум илијади верници од сите континенти во салата Павле VI, Папата ги повика банкарските институции да бидаат солидарни, во времето на економската криза, со семејствата и со послабите слоеви на населението и да го поткрепат производството.


Историјата на спасението поминува преку врховен чин на неверноста на созданието кон неговиот Создател. Тоа е гревот на Адам, врв којшто човештвото од секоја епоха размислувало барајќи да ја разбере таа непроценлива тајна и да ја открие, во тој случај заборавајќи – кажа Светиот Отец – на тоа, што Свети Павле го поучуваше уште од првите моменти на Црквата:


Во центарот на сцената не се наоѓа много Адам со последиците на гревот за човештвото, туку Исус Христос и благодатта, којашто со негово посредство, е дадена во изобилие на човештвото (...) Според тоа, Павле прави споредба меѓу Адам и Христос ставајќи го во светлина понижувањето на првиот човек во однос на воздигнувањето на вториот”.


Но што претставува прародителскиот грев, беше реторичко прашење на Папата. И пред се: таа идеа може ли да биде подржувана и денес? Се јавува една “небесна предпоставка” од која треба да се крене, за да се разбере големината на следната Божја помисла на љубовта:
 
“Таа небесна предпоставка е дека постои една противречност во нашето битие. Од една страна денес човекот знае, дека треба да прави добро и длабоко во срцето посакува да прави. Но, во исто време, чуствува и друг импулс да го прави спротивното, да го следи патот на егоизмот, на насилството, да прави само тоа, што му се допаѓа макар и да знае, дека така постапува против доброто, против Бог и против ближниот”.


Како древната визија што претходеше на Христос, така и следната атеистичка – објаснува Папата - всушност повторуваат, како злото, така и доброто се сили којшто постоеле од секогаш, и дека човекот неможе да доминира над нив, а само да ги поднесува.


“Таа е една очајна визија: ако е така , злото е непобедливо. На крај важи само сопствениот интерес. И секој прогрес би бил платен со една река од зло, а кој би сакал да служи на прогресот, би требало да прифати и да ја плати оваа цена. Политиката, всушност, е основана врз овие претпоставки: ефектите ги гледаме. Таа модерна мисла може на крај, да раѓа само тага и цинизам”.


Вестите за различни насилства пристигнуваат секој ден од светот, продолжува Папата, е една потврда “неоспорлива” на она дека, “ гнасната река на злото” е влезена во историјата со прародителскиот грев. Сепак, тоа што вреди – и кое Свети Павле учи – не е толку прародителскиот грев по самиот себе, колку што станал по него, докажување, дека злото е една сила зависна од доброто, кое е Бог:


“Бог го внесе оздравувањето. Влезе лично во историјата. На постојан извор на зло Тој воспостави еден извор на вистинското добро. Христос распнат и воскреснат, новиот Адам, се спротистави на гнасната река на злото една река на светлината. И таа река останува во историјата: погледајме во светците, големите светци, но и во понизните светци, и во едноставните верници, Гледаме река на светлина кое доаѓа од Христос присутна, и силна”.


Адвенто, Предбожиќното време, всушност е големата тајна на љубовта, која одговара на тајната на злото. И тоа споѕнание направи да излезе од срцето на бенедикт XVI таа спонтана молитва:


“Дојди Исусе; дојди, дај ни сила на светлината и на доброто; дојди таму, каде што доминира лагата, непознавањето на Бог, насилството, неправдата; дојди, Господи Исусе, дај сила на доброто во светот и помогни ни да бидеме носители на твојата светлина, носители на мирот, сведоци на вистината, Дојди Господи Исусе!”.


После синтезата на катехезата на различни јазици, Папата ги поздрави поголемите групи кој што присуствуваат на аудиенцијата. Искажа благодарност према Италијанската федерација на лебопроизводителите и слаткарите, кои што му подарија божиќни слатки, определени за милосрдната дејност на Папата. Кон делегацијата на банкарските службеници Бенедикт XVI се обрати со следниот говор:
 
“Вашата присутност, драги пријатели, ми дава шанса да истакнам, особено во тоа тешко време ѕа много семејства, една од првостепените цели на банкарските институции, т.е. солидарност кон послабите слоеви и поткрепа на производството”.








All the contents on this site are copyrighted ©.