2008-12-12 11:52:03

Ангеловиот Поздрав на Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица Марија





Tајнството на Марија безгрешно зачната, кој денес свечено го славиме, не потсеќа на две темелни вистини на нашата вера: пред се на источниот грев, потоа на Христовата победа на милостите над неа, победа кој на возвишен начин блеска во Пресвета Богородица – кажа Папата во денешниот пладневен говор. Постоењето на онаа што Црквата го нарекува источен грев за жал е неизбежлива очигледаност, ако погледаме околу нас и пред се во самите себе. Искуството на злото навистина е впечатливо; се наметнува сам од себе, и се прашуваме самите: од каде доаѓа? Тоа прашање е уште подлабоко за верниците: ако Бог, кој е апсолутна доброта, створил се, од каде доаѓа злото? Во првите страници на Библијата одговараат на тоа основно прашање, опишувајќи го стварањето и на паѓањето на првите луѓе: Бог се створи за животот, а посебно го створи човекот на своја слика; не ја створи смртта, туку таа влезе во светот од ѓаволската љубомора, кој се побуни против Бог, ги заведе и луѓето, и ги воведе во бунт. Тоа е драмата на слободата, која Бог од љубов ја прифаќа, ама ветувајќи дека син од жена ке ја згази главата на лукавата змија.


Од самиот почеток на вечниот совет – како што би рекол Данте – има одреден крај: Жена одредена да стане Откупителева мајка, мајка на оној кој се понизи како би не воведел во нашето исконско достојанство. Таа жена, во Божјите очи, отсекогаш има едно лице и име: “полна со милост”, како што ја нарече Ангелот посетувајќи ја во Назарет. Она е новата Ева, вереница на новиот Адам, преодредена да биде мајка сите спасени. Вака пише свети Андреј од Крет: Богородица Марија, заедничко засолнисте на сите христијани, прва е ослободена од првото паѓање на нашите прародители. А денешната литургија потврдува дека Бог “ припреми достојно живеалиште за својот Син, имајќи во во видик Неговата смрт,ја поштеди од гревот. Предраг, во безгрешната Марија, гледаме сјај на убавината која го спасува светот: Божја убавина која сјаје на Христовото лице. Таа убавина во Марија е чиста, понизна, слободна од секоја горделивост и умишление.


Богородица таква се појави пред 150 години на Бернарда, во Лурд, и таква се слави во бројни сверишта. Денес попладне, по традиција, и јас со Неа ќе ја славам посветениот споменик на Шпанскиот плоштад. Сега со преданост да се помолиме на Марија, со Ангеловиот земајќи ги евангелските зборови, кои на денешната литургија се предложени на нас – потикна Бенедикт XVI . После молитвата Папата посебно ја поздрави Папската Академија на Безгрешната и нивниот претеседател кардинал Андре Дескур. Драги пријатели, двадест години после освојувањето на новиот академски статус, ја повикувам Светата Девица секогас да бдие над вас и во вашата работа – кажа Папата, после ги поздрави Католичката акција, која на денешното празнување приме нови членови. Нека им помага мајчинската заштитница Пресвета Марија да можаат сто подобро да го вршаат своето црквено служежење, посебно во воспитувањето, во која Католичката акција може да се надева на својата долга и потврдена традиција. Уште ги поздравувам покретите “Меѓу нас”. Среќен празник на сите – посака Светиот Отец.









All the contents on this site are copyrighted ©.