2008-12-12 11:52:10

Умре патријархот Алексиј II


Поглаварот на Руската Православна Црква Алексиј II.(79) умре на 5 декември во резеденцијта покрај Москва. Здраствената состојба на патријархот го мачеше подолго време. Патријарх на Москва и на целата Русија дојде на чело на најголемата православна Црква, и ја водеше нејзината обнова после седам децении прогонство од комунистичкиот режим. До поновно смирувања на односите помеѓу Црквата и државата во несигурните политички и економски прилики на крајот на минатиот век, од првпоглед беше сложено, но во последните години, особено после изборот на Владимир Путин за претседател , односите се подобрија, Алексиј II остана на правиот пат на руското православије на “традиционалните територи” ги обвинуваше католичките мисионари за “врбувања” на православни верници во Русија. Настојуваше, но никогаш не дојде до средба со Иван Павле II ниту со Бенедикт XVI


Алексиј Михајлович Рудигер роден е 23. фебруари 1929. година во Талин во Естонија во семејство од руски емигранти, Потомак е од една благородничка германска лоза von Rüdiger, која во 18 век ја прифатела православната вера. Дипломирал 1949 година во Ленинград, зареден за свештеник 1950 година. За Владика во Талин и Естонија е прогласен 1961; за архипископ 1964., во својата 39 година на животот стана метрополит Новогрода и Ленинград во 1986. После смртта на патријархот Пимена I избран е на 7 јуни 1990 за нов патријарх на Руската Православна Црква.

Со големо жалење и тага ја примивме веста. Патријархот беше еден од најголемите духовни поглавари во тешките времиња на руската транзиција. На него припаѓа почита во извесна смисла од ништо ја обнови Црквата; обнови бројни епархији, парохиј, манастири и заводи за духовна формација даде нов живот на Руската Православна Црква. Лично много пати се сретнав со Алексиј II. Секогаш со голема среќа ме примаше. Уверен сум дека беше за приближување помеѓу Руската Православна и Католичка црква, покрај тешкотиите, а посебно во последните години односите се подобрија помеѓу нашите Цркви. Го препорачувам патријархот во милоста Божја и да се молиме Бог да го награди ѕа сите добрини кој во текот на својата долга служба направи за Црквата и за Христос – зборувајќи за Радио Ватикан кардинал Walter Kasper, претседател на Папинскиот совет за промовирање на единство на христијаните.









All the contents on this site are copyrighted ©.