2008-12-04 12:14:47

Порака од Папата Бенедикт XVI до семинаристите: посеете го семето на словото Божје во светот кој мисли дека не е важно присуството Божје


Задача на свештениците од третиот мулениум е да им понудат надеж  на луѓето кои мислаат дека, Бог е „неважен“ во секојдневниот живот и во историјата. Тоа е онаа надеж која доаѓа „од непроменливото Слово Божје на вечниот живот кој е Христос“. Тоа емисија од Светиот Отец ја повери на групата семинаристи и нивните надлежни кои, во саботата на 29 ноември, беа примени на ауденцијата во Ватикан. Таму во салата беа присутни млади, дојдени од Марке, Пуља, Абруцо и од Молизе по повод на сто годишнината од основањето на нивните регионални Семинарии.


Современиот свет во поголем дел го изгуби патот до небото. Владее – рече Папата – еден рационализам кој е затворен во самиот себе и поимот за верата за многу луѓе од нематеријални добра на вредностите премина на повидливи поконкретни „добра“ кои се производ на научните знаења. Остатокот е субјективен и често рискира, како религијата, да биде сфатена како „не значајна“ за животот. Свештениците и оние кои се подготвуваат за да станат свештеници, должност им е човечкиот копнеж за Бога да го спречат да не биде загушен. Гледајќи ги мноштвото семинаристи наседнати пред него, Светиот Отец ја повтори улогата и мисијата во Црквата и друштвото дека им припаѓа на оние кои избраа да станаат мисионари на Евангелието. Синодот за Словото Божје, кој се одржи пред еден месец, потврди дека „помеѓу првенствените задачи на свештенството е со раширени да биде посеено Словото Божје во полето на светот“. Но Папата сам се запраша, дали „современиот човек сеуште осеќа потреба од Христа и неговата вест за спасението?“:


„Во актуелниот социјален контекст, една одредена култура се чини да ни го покаже лицето дека човештвото е спосопбно и желно сам да ги реализира сопствените проекти, кое избира да биде единствен архитект на сопствената судбина па мисли дека не е важно присуството Божје, и затоа своите избори и одлуки ги исклучува од овој факт. Во амбиентот на рационализмот затворен во себе, кој повеќе тежнее кон практичните науки –единствен модел на спознанието, остатокот станува субјективен од кој исто така и религиозното искуство ризикува да биде земена во предвид како субјективен избор, а не важен и определен за животот. “


За овие и за други причини, рече Папата, денес „стана се потешко“ да се верува да се прифати Вистината Христова, да се употреби сопственото постоење(егзистенција) за Евангелието. Меѓутоа „како што историјата секојдневно регистрира, современиот човек се почесто се чини изгубен и загрижен за својата иднина, во потрага на својата сигурност и на сигурни ориентири:


„Човекот од третиот милениун, како и од секоја друга ера, има потреба од Бога и го бара без и самиот да знае. Задача на христијаните, а посебно на свештениците е да го приберат копнежот од човечкото срце и на сите да им понудат постојаното слво Божје на вечниот живот кој е Христос, Надежта на светот.“


Од овде, продолжи светиот Отец, јасно се гледа важността за годините поминати во семинаријата, во кои идниот свештеник треба да бара „личен однос со Исуса“. Модел за оваа? Во оваа година посветена на св. Павле, Папата на семинаристите им посочи еден совршен сведок, Апостолот на народите:


„Обраќањето не го избриша ’доброто и вистинското’ што го имаше во својот живот, туку му дозволи мудростта и вистината на законот и пророците да ги протумачи на нов начин и му дозволи да стане способен во дијалогот со сите, следејќи го примерот на божествениот Учител. Имитирајќи го св. Павле, драги семинаристи, не откажувајте се да го сретнете Христа во слушањето, во читањето и проучувањето на Светото Писмо, во молитвата и личната медитација, во литургијата и во секоја друга секојдневна активност.“









All the contents on this site are copyrighted ©.