2008-12-02 09:35:14

Порака од Бенедикт XVI до Вартоломеј I за празникот св. Андреј – светот има потреба од сведочење за единство христијаните


Зацврстувањето на врските помеѓу Римската Црква и Константинополскиот Патријархат е знак на надежта за екуменскиот пат: тоа го напиша Папата во пораката до Патријархот Вартоломеј I, по повод на празникот св. Андреј, заштитник на Црквата од Константинопол. Пораката од Светиот Отец задвчера му беше врачена на Патријархот преку кардиналот Валтер Каспер, претседател на Папскиот Совет за Единство на Христијаните, кој заедно со делегација од Светата Столица, по повод литургиската слава за празникот св. Андреа, беа на Фанар, Истамбул.


„Внатрешниот живот на нашите Цркви и предизвикот од модерниот свет хитно бараат сведочење за единство на Христовите ученици.“ Папата се заблагодари на Бога што допушти „зацврстување на врските и меѓусебна љубов“ помеѓу Римската и Константинополската Црква. Врски, додаде Папата, „поткрепени од молитвата и сè почести братски контакти“. Светиот Отец поконкретно го потсеќа дека Патријархот оваа година бил три пати во Рим: по повод на неговото излагање - Lectio magistralis во Источниот Папски Институт; на отварањето на годината посветена на св. Павле; и на Синодот за Словото Божје.
Од другата страна,, потсети Папата, дека католичката Црква, со еден симпозиум во Мала Азија, учествуваше на литургиската слава за Годината на св. Павле реализирана од екуменскиот Патријарх. Тоа е „знак за се поголемото наше заедништво и духовна блискост“. Во пораката додава: „оваа на средба и заедничка молитва го зацврстуваат напорот за постигнување на целта на нашиот екуменски пат“. Папата со задоволство и со надеж го прифажа позитивниот резултат од средбата на Приматот и Претставниците на православните Цркви, неодамна одржана на Фанар. „Верувам и се надевам дека овој развиток ќе биде важен за официјалниот теолошки дијалог помеѓу православната Црква и Католичката, та ќе помогневоа разрешувањето на потешкотиите од последните две седници.“
„На празникот св. Андреј „со радост и благодарност’ констатираме дека односите помеѓу нас се подобруваат. ’Да ги обновиме нашите напори’ и да го продолжиме ’патот на молитвата и дијалогот’. Да се надеваме – заврши Папата -  дека нашиот заеднички пат ќе го забрза доачањето на овој благословен ден кога заедно ќе се молиме на Бога во заедничка литургиска Евхаристија.“









All the contents on this site are copyrighted ©.