2008-12-01 11:25:52

Папата на генералната аудиенција: Верата во Бога ќе не спаси


Папата Бенедикт XVI. во катахеза во аулата Павле VI, на 26 ноември, говореше за Павловото учење, за верското оправдување и делувањето на Светиот Дух во животот на христианите.
„Драги браќа и сестри, ако верниците се бесплатно оправдени по верата и ако во делата – дела на Законот а уште помалку општо човечките дела – немат никаков дел, за да бидат оправдани потребно е на нашиот живот да се излее живата вода на Духот и да биде богат со неговиот „плод“ (Гал 5,22). Во претходната катахеза се задржавме на апсолутно бесплатно спасение,  кој Бог го оствари во Христос, по Светиот Дух: денеска нашето внимание го управуваме на последиците кои произлегуват од фактот дека сме оправдани по верата и по делувањето на Духот во христианскиот живот.“

Мора да признаеме дека во историјата на христијанството имаме две нивоа- неважноста на делата за постигнување на спасението  и оправдувањето кои дават плодови на Духот- често помешани, и затоа како последица имаме многубројни погрешни толкувања. Навистина, не е ни најмалку случајно што св. Павле, во истото Послание до Галатјаните, во кое поставува крајно силен акцент на бесплатното оправдување, го истакнува исто така и односот помеѓу верата и делата: „Навистина, во Исуса Христоса не е важно ниту обрезувањето ниту необрезување, туку- делотворна вера со љубов„ (Гал 5,6). Затоа постојат, од едната страна „телесните дела“ а тоа се „блудност, нечистота, развратност...“(Гал 5,19-21); а од другата страна пак христиjанскиот живот е појачан со делувањето на Духот кој дава „љубов, радост, мир, великодошност, услужливост, добрина, верност„ (Гал 5.22): Тоа се плодовите на Духот - рече светиот Отец.

Првиот дар по ред е љубовта, а последна - воздржливоста. Навистина, Духот, кој е љубов на Отецот и Синот го излева својот прв дар- љубовта, во нашите срца (Рим 5,5); а љубовта да би се изразила потполно - бара воздржливост.  За љубовта на Отецот и Синот која не’ обзема и го преобразува нашиот живот зборував во својата права енциклика ’Деус каритас ест’. Верниците знаат дека во меѓусебната љубов во нас, по Духот, настанува Божјата и Христовата љубов. Во истото Послание до Галатјаните Павле ќе каже дека, носејќи го товарот едни на други, верниците ја исполнуват заповетта на љубовта (Гал 6,2)


Оправдени сме по дарот на верата во Христа, повикани сме да живееме во Христовата љубов кон ближниот, бидејќи на крајот од нашиот живот ќе бидеме судени врз истата таа основа. Меѓусебната љубов нека претставува израз и главна последица за оправданоста, како што се истакнува во познатата Павлова благодарна песна за љубовта: „Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов нема, ќе бидам бакар што звони, или кимвал што ѕвечи...“ (1Кор 13, 1.4-5). Христијанската љубов бара пожртвованост бидејќи самата произлегува од потполната Христова љубов кон нас: таа љубов не привлекува кон себе, не’ прифаќа какви што сме, не’ прегрнува, не’ поддржува, дури на некој начин и не’ мачи, бидејќи не присилува никој од нас повеќе да не живееме за самите себе, затворени во сопствениот егоизам, туку за „Оној кој умира и воскернува за нас“ (2 Кор 5,15). Христовата љубов во Него не прави нови створенија (2Кор 5,17) кои се претвараме дел од неговото мистично Тело т.е. Црквата – рече Папата.

Напротив, мора повторно да се поттсетиме дека, токму затоа бидејќи сме оправдани во Христа, не припаѓаме повеќе на самите себе, туку станавме Храмови на Духот и затоа повикани сме да го прославиме Бога во нашето тело (1Кор 6,19). Непроценливата вредност на оправдувањето не би ја почитувале толку многу, ако не би го прославиле Христа со нашето тело, бидејќи Тој нас не откупи со високата цена на Неговата крв. Токму затоа, тоа е нашата богослужба со „умот“ и духот“, заради кои св Павле не преколнува „да ги предадеме своите тела за жива жртва, света и на Бога мила“ (Рим 12,1). Каде би завршила литургијата упатена само до Господа, ако во исто време не би била служба и за нашите браќа? Каде би завршила верата која не би се покажала со делата на љубовта? Апостолот на Народите, честопати своите заедници ги потсетува на последниот суд, кога сите „ќе се појавиме пред судницата Христова та секој да добие онаа што го заработил преку телото, било добро или зло“ (2Кор 5,10). Светиот Отец катехезата ја заврши со зборовите: „Да дозволиме до нас да допре помирувањето, кое Бог еднаш засекогаш го изврши во Христа, до нас да допре „лудата“ Божја љубов кон нас: никој и никогаш нема да може да не оддели од неговата љубов (Рим 8,39), која не’ прави способни да можеме да ги даваме вистинските плодови на Духот.“








All the contents on this site are copyrighted ©.