2008-12-01 11:39:33

Папата Бенедикт XVI во шок поради бомбашките напади во Мумбаи: „да се стави крај на терористичките напади“


Големо сочувство од Светиот Отец за жртвите кои загинаа овие денови во серија ужасни напади во Мумбаи, во Индија, во кои над 100 лица го загубија животот, а повеќе од 300 се ранети. Во телеграмата упатена до архиепископот на Бомбеј, кардиналот Освалд Грасиас, потпишана од државниот секретар на Светата Столица, Тарчизио Бертоне, Светиот Отец повикува „да се стави крај на сите терористички дела, кои тешко ја повредуваат фамилијата и често ги дестабилизираат мирот и потребната солидарност за градење на цивилизација достојна на благородниот човечки позив да се сака Бога и ближниот“. Папата изрази „длабока загриженост“ за ескалацијата од насилството во Мумбаи и им ја понуди својата блискост на сите оние кои се погодени во овие „брутални напади“ на тероризмот. Светиот Отец се помоли за жртвите и за нивните семејства да се молаат на Бога за милост да ги поткрепи ранетите и оние кои ги оплакуваат своите најмили.








All the contents on this site are copyrighted ©.