2008-11-28 10:04:53

Папата го сретна Арменскиот Католикос. Арам I: светот треба да го признае арменскиот геноцид


Во дијалогот за мир помеѓу две различни христијански вери, се зборуваше за прогонувањата на христијаните од Блискиот Исток и во другите делови на земјата. Тие аргументи ги истакна Папата Бенедикт XVI за време на ауденцијата со поглаварот на Арменската Апостолска Црква од Киликија, Католикос Арам I, примен од страна на Папата заедно со делегацијата на архиепископи и епископи. Пред средбата во Ватикан, делегацијата се помоли на гробот на Јован Павле Втори и на крајот од ауденцијата се затвори со заедничка молитва во Капелата „Редемпторис Матер“ во апостолската палата.

Постои свет во кој христијаните, обединети во молитвата и со наследството на заедничката вера, за да бидат сведоци за вредностите на мирот. Но, постои свет во кој се нафрлува против христијаните токму заради нивните вредности и нивната вера. Двете точки произлегоа од средбата помеѓу Папата и арменскиот Католикос, Арам I. Средба важна за екуменизмот, каде Папата веднаш го истакна предложениот прилог во овие години од Престолнината во Сицилија и од своите делегати за „позитивните контакти“ помеѓу православните Цркви и католичката Црква.


“We must be hopeful that this dialogue…
Мора да имаме доверба дека дијаголот и натаму ќе продолжи, од моментот кој ветува дека ќе се разјаснат теолошките прашања кои во минатото не разделија, но сега се чинаат отворени за поголема согласност. Уверен сум дека актуелната работа на Меѓународната Комисија – посветена на темата: ’Природата, Структурата и Мисијата на Црквата’ – ќе дозволи многу специфични прашања од нашиот теолошки дијалог да се најдат во вистинскиот контекст и решение.“


Папата продожи со фактот дека „поголемото разбирање“ и „цената на апостолската традиција која заедно ја делиме, ќе донесе уште поефикасно заедничко сведочење за духовните и морални вредности, без кои ниеден праведен и вистински човек не може да опстане“. Освен Папата, исто така и арменскиот Католикос забележа дека не постои друг пат на достоинсвено споредување освен оној. Тоа го направи на начин што ја цитираше Декларацијата потпишана во јануари 1997, заедно со покојниот Папа Јован Павле втори.


„Our meeting has offered...
’Состанокот овозможи една привелигирана прилика за заедничка молитва и размислување, за потврдување на нивната обврска и заеднички сили за единство на христијаните’, обновена и зајакната со силата од Светиот Дух. Ние и понатаму го продолжуваме екуменскиот пат на нашите претходници. Веруваме дека овој е единствениот пат, заштитен од заповедите на љубовта и единството на нашиот Господ, кои би требало да не донесат до една заедничка мисија, односно на светот да му ја пренесеме евангелдката Вест која дава живот.“


Светиот Отец ги зема во предвид подрачјата каде животот е тежок, посебно за народот од Либан и Блискиот Исток, за кои замоли секој да се моли секој ден, и да им се помага со „длабока загриженост“, зашто „напнатоста и конфликтите продолжуваат да го попречуват напорот за реализирање на помирувањето и мирот на секое ниво, на цивилното друштво, во политичкиот живот и во регионот.


„Most recently we have all been saddened…
Во последно време, сите бевме огорчени од насилството и прогонувањето на христијаните во некои делови од Бислкиот Исток и околината. Кога земјите се во состојба да ја одредат својата судбина, а различните етнички и религиозни заедници се прифаќаат и потполно почитуваат една со друга, мирот ќе биде изграден врз цврсти темели на солидарноста, правдината и почитувањето на законските права на луѓето и народите.“


Почитувањето на тие права, прекршени во последно време, на чија основа Папата ги дефинираше „неискаживи страданија“ а арменскиот народ ги претрпе во XX век: страданија кои се осветлени од сведоштвото на маченици и Светци кои ден денес ја сочинуват арменската култура. Болка која не може да биде премолчена, рече Арам I:

„The Churches, the religions and states…
Црквите, религиите и државите треба да го препознат секој геноцид, вклучувајќи го и овој врз Арменците, и да направат се што е можно за спречување на нови геноциди, потврдувајќи го правото на сите народи околу достоинството, слободата и самоопределеност.“


На почетокот, зборовите на Папата и на арменскиот Католикос беа соединети во ритам на молитва, кои беа само почеток на екуменската церемонија во Ватикан. Псалмите и Евангелието на арменски јазик, како и читањата од два гласа – овој од Папата и од Католикос од Сицилија – продонесоа литургиска слава многу позчначајна отколку симболична:

Арам I овие денови на генералната ауденција повторно се сретна со Светиот Отец, каде на завршетокот имаше разговор со Ватиканскиот државен секретар, Тарчизио Бертоне. Други позначајни моменти за време на престојот во Рим беа посетата на Базиликата Св. Павле, заедно со кардиналот Каспер, по повод Годината посветена на истиот светец (две милениуми од неговото раѓање), каде отслужија екуменска литургија пред гробот на Апостолот на Народите. Потоа учествуваа на Вечерната молитва заедно со заедницата на Св Еџидио, во Базиликата Св. Вартоломеј, и во Базиликата Света Марија на Трастевере. Католикос од Сицилија учествува на еден Академски Акт во Папскиот универзитет Урбаниана, каде ја истакне темата „Предизвиците поставени на Христијанството од Бислкиот Исток“. Во среда попладне, во 17 часот, поглаварот на арменската апостолска Црква од Сицилија, во седиштето на Ватиканската емисија одржа конференција за новинарите.








All the contents on this site are copyrighted ©.