2008-11-19 12:23:35

Папата на интернационалната конференција: болните деца да бидат објект на респектот, нежноста и солидарноста





Кон секое дете, посебно ако болеста е тешка, должност е „да им се даде најдоброто од компетентноста и хуманоста“. Тоа беше заповед од Папта на присутните на 23 интернационална Конференција организирана од Папскиот Совет за Пасторална грижа на здравјето. Со болните деца, рече Папата, се наоѓа вистинската рамнотежа помеѓу безогорченото лекување, гарантирана комуникацијата со фамилиите, осигурана солидарноста кога болеста на едно дете е плод од многубројните лица на мизеријата.


„На детето му е потребен најголема почит.“ Фразата на латинскиот поет Џовенале синтетизира дека еден восрасен е одговорен за малите, незаштитените, сеуште неродените, посебно ако боледуваат од тешка болест. Светиот Отец ја цитирање оваа древна фраза потврдувајќи дека „Црквата не ги заборава своите најмали деца“. Во салата Клементина од апосолскиот плоштад, пред Светиот Отец, од неколку светски познати интернационални екперти беше изложена обемна платеа, кои дискутираа на темата „Пасоралната грижа за бплните деца“. Заедно со нив, Папата рече дека детството кое се наоѓа во потешкотии, за жал раширена „на многу делови од земјата“, се синтетизира на едена драматична цифра: во една година, 4 милиони новороденчиња не живеат ниту 26 дена. Напредокот на медицината, додаде Папата, донесе подобрување на условите на многу болни деца:

„Медицинските пруочувања се наоѓаат перд тешки избори кога станува збор, на пример, за достигнување на вистинската рамнотежа меѓу терапевската упорност и терапевското откажување за осигурување на овие пропорционални постапки во корист на малите пациенти, без да се падне во искушение на експериментација. Не е излишено да се спомне дека во центарот на секоја медицинска интервенција, првенствено е секогаш „доброто“ на детето, имајќи го во предвид неговото достоинство кој ги има сите права како и сите восрасни луѓе.“


Уште пред раѓањето, дете кое трпи од причина на една болест – кој што за него често се вршаат „посебни постапки“ – секогаш треба да биде надгледувано„со љубов“ и „постојано треба да бидаат известувани неговите најблиски“:


„Санитарниот и човечкиот (хуманитарниот) аспект никогаш не се разделени, и секоја санитарна и асистентска структура, посебно ако е оживеана од вистинскиот и христијанскиот дух, должна е да го пружи најдоброто на компетентноста и хуманитарноста. Болниот, посебно болното дете, посебно го разбира јазикот на нежноста и на љубовта, изразена преку внимателната, трпелива и благородна грижа, оживеана во верниците од желба да ја изразаат истата наклонетост која Исус ја чувствуваше кон малите.“


Заблагодарувајќи им се на учесниците за нивниот професионален придонес, и потврдувајќи ја големата почит за  овие католички социјално-санитарни структури кои и носаат утеха на болните деца, како на пример Болница за детски болести Детето Исус (Bambino Gesù), Папата Бенедикт XVI заврши апелирајќи да се има широко срце за секое страдание од најмалите, посебно ако е поттикнато од посебни неблагопријатни услови:


„Посебно мислам на малите сирачиња или напуштените заради беда или фамилијарно разоставување; мислам на децата, невини жртви на АИДС или на војната и на многу воени судири во различни делови на светот; мислам на детството кое умира заради бедата, сушата и гладта. Црквата не ги заборава своите најмали чеда и ако, од една страна, ги одобрува иницијативите на најбогатите Нации за подобрување на условите за нивниот развиток, од друга страна, предупредува задолжително на и обрнато поголема вниманиена овие наши браќа, зашто благодарение на нашата срдечна солидарност  би можеле да го гледаат животот со доверба и надеж.“








All the contents on this site are copyrighted ©.