2008-11-19 12:19:27

Папата на Ангеловиот Поздрав: да се рашират даровите Христови, без да се задушат со предрасуди и инертност. Папата се моли за жртвите на улица


Беседата за „талантите“ ги учи христијаните да бидаат активни и смели во сведочењето за даровите Божји а не да ги закопуваат под предрасудите „кои ја парализираат верата и делата“. Папата исто така го спомна почетокот на Адвентот кој официјално ќе почне следната недела, во архиепархијата на Милано каде, стапува во сила и новиот амброзијански Лекционар, за кој Папата рече дека, е еден знак на Божјето Слово кое го „спасува човештвото на сите времиња“.


Во претпоследната недела на редовниот литургичен календар, пред Пчетокот на Божиќното време, Евангелието ни го прикажува Исус каде на своите ученици им ја кажува една од попознатите беседи: за „талантите“. Римската монета од голема вредност, општо наречена талент, станува „синоним за лична надареност, кој секој е повикан да ја преумножи“. Но не станува збор само за „тргување“ на некој природен квалитет. Исус, потврди Папата, за талентот мисли во пошироко значење, т.е. сфаќајќи ги оние „богатства“ што ни ги остави во „наследство: Евангелието, Крштението, молитвата ’Оче наш’, Евхаристијата, Неговото простување на гревовите. Со еден збор, „ризницата“ од Исуса, доверена на Своите пријатели“ е самиот Исус, реализираното Царство Божје:

„Оваа беседа ни го претставува внатрешниот став како да го прифатиме и оцениме овој дар. Стравот е погрешниот став: слугата кој се плаши од својот господар и од неговото враќање, ја сокрива монетата под земја и таа не дава никаков плод. Тоа се случува, на пример, со оној кој ги прима Крштението, Првата Причест, Миропомазанието, и овие дарови ги закопува под покривката на предрасудите, под погрешната слика за Бога, која ја парализира верата и делата, и така ги изневерува очекувањата Господови.“


Позитивниот пример доаѓа од неговите ученици, кои не ги сокрија талантите зад завесата на стравот или на љубомората но, рече Папата, овој дар го размножија „поделувајќи го со другите“, затоа што ризницата оставена од Исус „е да биде потрошено, уложено, поделено си сите“:


„Поуката од евангелието од неделната литургија, исто така има влијание и врз историско-друштвениот план, реализирајќи еден храбар и  активен менталитет во христијанската пополација. Но централната порака се однесува на духот на одговорноста со кој треба да се прифати Царството Божје: одговорност кон Бога и кон човештвото.“


Светиот Отец, кој го поздрави мноштвото луѓе на 6 јазици собрано под неговиот прозорец, сакаше посебно да потсети два настани. На 21 ноември - Денот ’pro Ornatibus’, посветен на заедниците во клаузура, за кои Папата покорно молеше за нови позиви и за обврска да се „заштитуват манастирите од материјални потреби“. Другиот настан е почетокот на Адвентот во архиепархијата на Милано, каде на сила стапи новиот амброзиски Лекционар, и архиепископот од Милано, кардиналот Диониџи Тетаманци, овие денови му го претстави на Папата Бенедикт XVI, со зборовите:

„Од големо значење е за Собранието на Синодот на Епископите посветено за Словото Божје, кое ќе заседува во наредните Конференции. Амброзиската Црква, негувана со мудростта и изобилие од Светото Писмо, секогаш би можела да оди во вистината и милостта, и со тоа ефикасно да го направи сведоштвото на Христа, Слово на спасението за човештвото од сите времиња.“


Потоа во врска со Денот за сигурноста на сообраќајот, Папата измоли една молитва на англиски јазик за жртвите во сообраќајните несреќи и за нивните фамилии. „Нашето однесување на патиштата, рече Сетиот Отец, треба да биде карактеризирано со одговорност, углед и почит кон другите“.








All the contents on this site are copyrighted ©.