2008-11-14 11:11:02

Бенедикт XVI на генералната ауденција: „Дојди Господи Исусе и промени ги неправдите кои се присутни во светот и во срцата на луѓето“



Христос кој ја победи смртта нека дојде овде на светот и денес, во 21 век, и да ги обнови сите оние ситуации на неправдата: нека дојде за Дарфур и за Север Киву, нека дојде за оние без разлика што го заборавиле Христа а и за оние кои сеуште не го запознале. Вчера на плоштадот св. Петар, Сцетиот Отец, со оваа молитва, испирирана од поучувањата на св. Павле, посебно за второто Христово доаѓање, ја затвори катехезата на генералната ауденција.


Нема лесно да се заборави завршната молитва измолена вчера на плоштадот св. Петар. Светиот Отец го отвори своето срце пред мноштвото, откако на наједноставен начин го објасни текстот кој св. Павле во своите Посланија го напишал за второто славно Христово доаѓање на крајот на светот. Повторното Христово доаѓање, рече, е една „одговорност“ за сите христијани кои треба да работат и да го сведочат неговото Евангелие и ден денес. Но, оваа не треба да го задуши копнежот на христијанската вера преведен со античките зборови: „Maranà thà!“, „Дојди, Господи Исусе“. Овој „дојди“ Папата го повторува повеќе пати, од која се претвара во молитва, која го опфаќа светот и човештвото:


„Дојди Господи! Дојди на твој начин, начин кој што ти го знаеш. Дојди таму каде има неправда и насилство. Дојди каде што има бегалци, во Дарфур, во Северен Киву и на други места по светот. Дојди каде што доминира дрогата. Дојди и помеѓу богатите кои те заборавија, кои живеат само за себе. Дојди каде што сеуште не те познаваат. Дојди на твој нашин и обнови го денешниот свет. Исто така дојди и во нашите срца“.


„Секоја тема за христијанството, рече Папата воведувајќи ја катехезата, секогаш почнува од „Христовото воскресение“ кое е во тесен однос било со сегашноста, каде се гради Царството Божје, било со иднината кога „Христос ќе го довери Царството на Отецот небесен“.  Св. Павле го објаснува дека второто доаѓање – на почетокот неминовно за првите христијани - е еден „мотив за цврста надеж“, така како и за христијаните после двадесет века:


„На крајот секогаш ќе бидеме со Господа. Основната порака е таа: нашата иднина е да бидеме со Господа; како верници, со Господа сме веќе во нашиот живот; почната е веќе нашата иднина, животот вечен.“


Сепак да се верува во Христовото доаѓање, т.е. да се живее помеѓу „сегашноста и иднината“, продолжи Папата, за еден христијан не значи апстракција на секојдневниот живот:


„Исчекувањето на второто Исусово доаѓање не не ослободува од обврските во овој свет, туку напротив за нашите дела овде на земјата ни задава одговорност пред небесниот Судија. Токму така расте нашата одговорност за да работиме во и за овој свет.“


Всушност од поучувањата на св Павле, заврши Папата, се изведуваат неколку точки, тргнувајќи од „универзалноста на повикот кон верата“, кон сигурноста дека христијанот ќе воскресне „со Христа“: оваа сигурност, која победува секој вид на страв, вклучен и овој од смртта:


„Како што идниот свет веќе е започнен во Христа, исто така тоа дава сигурност за надежта. Иднината не е мрак каде што никој не може да се ориентира. Тоа не е така. Без Христа, иднината е мрак исто така и за денешниот свет, постои голем страв од иднината. Христијанот знае дека светлото Христово е посилно и затоа живее во надеж која дава сигурност и храброст за да се спротистави на иднината








All the contents on this site are copyrighted ©.