2008-11-12 11:31:24

Религиите се фактори на мирот во тешката светска ситуација: со овие зборови Папата и’ се обрати на новата амбасадорка од Египет при Светата Столица


Религиите не треба да бидат искористени за насилство, туку да бидаат фактори на мирот пред се во овие делови на светот каде, заради културните и религиските разлики не може да има мир освен со взаемно почитување. Со овие зборови, на аудиенцијата на 6 ноември, Папата ја прими новата амвасадорка од Египет при Светата Столица, госпоѓата Али Хамада Мекхемар. Папата говореше за ситуациите на насилството кои се разбрануваат на блискиот Исток, Африка и Азија, повикувајќи ја меѓународната заедница да го поддржуваат примирјето.

Египет најпрва сфати што значи да се биде раскрсница на разллични раси и верски верувања. Оваа културно и духовно богатство, кое што северноафриканската држава за пример ни даде “мудрост и рамнотежа”, треба и денес да ни биде поттик за непрекинато градење на мирот во светот со заедничко учествување на различни религии. Сосема е јасна позицијата на Светиот Отец за улогата на Египет, но и на Светата Столица, во однос на меѓународната сцена. “Тие односи со сигурност се базирани врз длабок взаемен почит на идентитетите, но пред се исто така и врз вистинската и сопствена желба за реализирање на единството и мирот, како на простор помеѓу еден народ така и на меѓународен простор, и за развивање на дијалогот и соработката помеѓу членовите на различни култури и религии.”


Токму оваа мегународна соработка е клучен аспект за оспорување на струите на насилството кои се актуелни во многу зони на Азија, Африка, посебно на Бислкиот Исток, продолжи Светиот Отец пред египетската амбасадорка, и во спротивно за изнаогање “вистински решенија кои државите и луѓето би ги почитувале”. “Во овие рамки, религиите можаат и треба да бидат фактори на мирот. За жал, тие можаат да бидаат оскудно вклучени и искористени за предизвикување на насилството или смртта. Респектот за чувството и историјата на секоја држава или секоја човечка и религиска заедница, честите консултации и многустраните средби, пред се вистинската желба за барање на мирот ќе го помогнат помирувањето на народите и мирниот соживот помеѓу сите луѓе.”


Бенедикт XVI се задржа и на релациите со Исламот. “Годишните средби помеѓу Папскиот Совет за меѓународен дијалог и постојаниот Комитет за Дијалогот на монотеистичните религии од иститутот од Ал-Азхар ал-Схариф, со децени настојуваа да отворат пат на разбирање и взаемно почитување помеѓу исламот и христијанството.” Еден пат “веќе е поминат, а за поминување останува уште еден”, примети Светиот Отец та ги повика за просветлување на взаемното разбирање кое произлегува од оваа средба, како би се претворило оваа разбирање во „взаемно почитување“. Во таа смисла, во знак на внимание и почит би можело да биде, рече Папата, давањето „можност на многубројните туристи кои доаѓаат во Египет, достојно да се молаат на Бога  на одредените култни места“. Папата заврши со оваа, дека фактот кој Египет има намера да ги реализира „пријателските и братските односи помеѓу религиите и народите, во потполна согласност со својата античка и благородна традиција“ би бил „добар знак“.








All the contents on this site are copyrighted ©.