2008-11-07 11:19:59

Порака од Папата до Барак Обама, новоизбраниот претседател на САД


Папата, преку американската амбасада при Светата Столица, испрати честитки до Барак Обама, 44-ти избран претседател на САД. Во пораката, Папата, честитајќи му на Обама и на неговата фамилија и овие избори дефинирајќи ги како историски случај, ги препорачува своите молитви на Бога, за да му помага во неговата голема одговорност како за Америка така и за интернационалната заедница. Бенедикт 16-ти ја повикува Божјата благодат да слезе врз новоизбраниот претседател и врз американскиот народ, затоа што со сите луѓе со добра волја може да се изгради еден свет на мирот, на солидарноста и на правдата.
Должноста на американскиот претседател е од голема одговорност не само за неговата земја, туку и за целиот свет, факт за тежината што ја има Америка наоѓајќи се на сите подрачја од светската сцена. Затоа на новоизбраниот претседател Обама сите му пожелуваме да може да одговори на сите очекувања и надежи кои се упатуваат до него, служејќи успешно на правото и правдата, и наоѓајќи ги вистинските патишта за донесување на мир во светот; зголемувајќи го достоинството на луѓето во однос на човечките и духовните вредности. Верниците се молат Бог да го просвети и и нека го асистира во големата одговорност.








All the contents on this site are copyrighted ©.