2008-11-03 15:39:43

Папата на Ангеловиот Поздрав: убавината на светоста е прекрасна разноликост во која се изразува Божјата љубов


Црквата на 1. XI со голема раост го слави празникот на Сите Светци: Папата на Ангеловиот Поздрав, на плоштадот Св. Петар, истакна колку е важна разноликоста на светците, обединети во нивната различност, кои од љубов за Христа тотално се дарувале на Бога и на ближните.


Убавината на светоста Папата ја споредува со едена прекрасна ботаничка градина, каде што „те остава вооудешевен„ пред „фантазијата на Творецот„ заради големата разноликост на многу растенија и цвеќиња. Така „светот ни се појавува како една ’градина’ каде што Божјиот Дух со чудесна фантазија пробуди мноштво светци и светици, од секоја возраст и социјална положба, од секој јазик, народ и култура„.


Со уникатноста на сопствената човечка особина и сопствената духовна благонаклоност, секој еден светец е различен од другиот. Но сите се обележени со печатот Исусов (Откр 7,3) т.е. со белегот на неговата љубов, сведочејќи со сопствениот Крст. Сите се во радост, на една слава која што нема крај, но, како Исус, таа слава ја придобија поминувајќи низ страданија и искушенија (Откр 7,14) каде што секој се жртвува за да учествува во славата на Воскресението.


“Празникот на сите Светци –објаснува Папата – утврдено е дека се славел уште во првиот милениум како заедничко празнување на мачениците”.  Едно мачеништво кое што има широк поим, “т.е. безрезервна љубов за Христа, љубов која се изразува во дарувањето на самите себе на Бога и на ближните” следејќи го патот на “блаженствата”:


“Тоа е истиот пат обележен од Исуса каде што светците и светиците се потрудија да го преминат, иако свесни за нивните човечки ограничувања.  За време на нивниот земски живот, сепак, биле сиромашни по дух, огорчени за гревовите, скромни, гладни и жедни за правда, милостиви, со чисти срца, миротворци, прогонувани заради правдина. Бог им ја даде истата своја среќа: ја вкусија на овој свет, додека во вечниот живот неограничено уживаат во неа. Сега се конзули, наследници на земјата, наситени, утешени, го гледаат Бога како негови чеда. Кратко речено: ’нивно е Царството небесно’ (Мт 5,3.10)”.


На овој ден да ја осетиме привлечноста кон Небото, – рече Бенедикт XVI – која не поттикнува да го забрзаме чекорот овде на земјата. Да го осетиме во нашето срце зажарувањето на желбта за соединување  во фамилијта на светците засекогаш, кој што сега имаме милост да бидеме дел од неа.


“Една свечена духовна песна вели: ’Кога ќе дојде поворката од твоите сцетци, ох како би сакал, Господи, да бидам поеѓу нив!’ Нека оваа стремеж се разгори во срцата на сите христијани, и да им помогне да ја надминат секоја тешкоија, секој страв, секоја мака! Драги пријатели, нашата рака да ја ставиме во онаа мајчината од Марија, Царицата на сите Светци, и да се препуштиме Таа да не води кон небесниот дом, придружувани од блажените духови ’од секој нација, народ и јазик’ (Откр 7,9). И да се соединиме во молитва за спомен на нашите драги веќе починати, кој што литургијски се слави на 2 ноември.”








All the contents on this site are copyrighted ©.