2008-10-30 13:34:49

Генерална аудиенција во Ватикан. Папата: Крстот ја открива необјавената Божја љубов и ја преобразува логиката на човечкото владеење





Теологијата на Крстот беше тема на едно од катехетичните размислувања посветени на Св. Павле, коишто Светиот Отец ги предложи на денешната аудиенција во Ватикан. Пред повеке од 20 илијади верници и поклоненици од целиот свет Папата ја објасни смислата на Крстот – скандал за јудеите срамота за неверците, по зборовите на Св. Павле, но, исто така, и знак преку којшто Бог ја изразува својата љубов. Бенедикт XVI го истакна „исклучителното значење“ на обраќањето на Савле од Тарс, се преобратил од прогонител на христијаните во неуморен навестител на Исуса и ја разбрал смислата на Крстот преку средбата со Божјиот Син:


„Од ден на ден тој во својот нов живот – кажа Папата – осознава дека спасението е благодет“ и дека се произлегува од смртта на Христос, а не од неговите заслуги. Така „евангелието на благодатта“ станува за него единствениот начин да се разбере Христа, како критериум не само за неговото ново однесување, туку и како одговор на неговите следбеници“.


Како што е за евреите крстот скандал, грците го воспеваат човечкото знаење, а еретиците си изработуваат едно христијанство за сопствена употреба, за Павле Крстот означува „спасение, како подарена благодат за секое створение“:


„Скандалот“ и „срамотата“ на Крстот се дел од фактот, дека таму кадешто изгледа дека има провалија, болка и загуба, имено таму е целото мноштво на безграничната Божја Љубов – подвлече Папата – таа како и Крстот е израз на љубовта, а љубовта е вистинска сила, којашто се открива во таа привидна слабост“.

Св. Павле – дополни Папата – смело го навестува распнатиот Исус, којшто ги привлекува кон себе прогонството и понижувањето, тој како „залог има огромна цена“:


Примањето на Христовиот Крст означува длабоко обраќање кон Бога, подвлече Светиот Отец. Ако јудеите ја наоѓаат причината за отврлањето на Крстот во откровението, или верноста кон Бога на нивните Отци, за грците или еретиците, критериумот за спротивставувањето на Крстот е разумот. За нив Крстот е срамота, безумство и безсолна храна; т.е., нешто повеќе од греска кон добриот тон“.


Имено, поради тоа, многу често Павле истрпувал „горчлив експеримент“ при отфрлањето на тајната на Крстот, сметан како надвор од логиката на рационалното. За грците, заговоратели на совршенството на духот и чистата мисла е недопустиво постоење на Еден Бог, којшто се претворил во човек и примил временски и просторни ограничувања. Еден Бог, којшто може да стигне до Крстот! „Таа логика – подвлече Папата – е чудна и за денешното време“.


„Крстот ги открива „Божјата сила и Божјата премудрост“(1Кор. 1,24),којашто е различна од човечката власт; ја разоткрива Божјата љубов: „Затоа што, она што е безумно за Бога, е помудро од луѓето, и она што е неможно во Бога, е посилно од луѓето“. Од дистанзата од времето на павле, гледаме дека во историјата победува Крстот, а не знаењето, коешто му се противи“.


На крајот Папата ги повика верниците да го примат Крстот, бидејќи ќе ја најдат во него силата на смиреноста и љубовта, за да станат учесници во смртта и воскресението на Христос.








All the contents on this site are copyrighted ©.