2008-10-29 16:58:54

Во базиликата свети Петар, свечена литургија предводена од папата за завршеток на Синодот


Со свечена евхаристиска служба предводена од папата Бенедикт XVI, во ватиканската базилика се заврши дванаесеттиот Синод на епископите, расправан околу Словото Божје. Во проповетта Светиот Отец на посебен начин ги спомна претставниците на Кина, додека потоа го најави апостолското патување заАфрика за во март 2009 година.


Откако на сите присутни им се заблагодари, изразувајќи им благодарност за нивната „постојана преданост„ и за „збогатеното искуство„ донесена во Синодската сала, Светиот Отец се обрати и до епископите од Кина.

„Една посебна мисла упатувам до епископите од Континентална Кина кои не можеа да бидат присутни на оваа синодска асемблеа. Би сакал овде да се заблагодарам на Бога, за нивната љубов према Христа, за нивното заедништво со универзалната Црква и за нивната верност на Петровиот Наследник. Тие, заедно со сите верници кои им се доверени, секогаш се присутни во нашата молитва. Молиме од «Врховниот Пастор на стадото» (1 Пт 5,4) да им даде радост, сила и апостолски жар за мудро и долготрајно водење на католичката заедница во Кина.„


Имајќи во предвид за втора посебна Асемблеа на Синодот за Африка,кој ќе се одржи во Рим, октомври 2009, Светиот Отец најави дека следната година во март ќе ја посети Африка:


„Намера ми е следниот март да го посетам Камерун и на епископската Конференција од Африка да им го предадам ’Instrumentum laboris’ на оваа синодска Асемблеа. Од таму, ако Бог даде, ќе продолжам за Ангола, за свечено прославување на 500 годишнината од евангелизирањето на оваа Земја.„


Низ целата проповед на Папата, водич беше заповедта на љубовта. Таа љубов – рече Папата – што набљудува, обновѕва и победува се, љубов за оној, кој што предано ги следи Зборовите Христови, иако е свестен за своите ограничувања. Тоа значи да се биде исусови ученици – утврди Бенедикт XVI – т.е. да се стави во пракса првата и најголемата заповед од Божјиот Законик, со конкретно сведочење во однос меѓу луѓето.


„(...) треба да бидаат односи на почит, на соработка и на великодушна помош. Ближниот, кој што треба да се сака е некој странец, сираче, вдовица и сиромав, т.е. сите оние кои немаат никој кој да ги одбрани.„


Љубовта кон ближниот се раѓа со понизно слушање на Божјето Слово, и кога тоа Божје Слово се отелотворува во лична и заедничка егзистенција. Овие денови за време на синодската работа наидовме на нови искуства:


„Во оваа евхаристиска служба, со која го затвараме Синодот, на посебен начин ја осеќаме врската која постои помеѓу љубезното слушање на Божјото Слово и несебичното служење према браќата. Овие денови колку пати слуснавме различни искуства и мисли кои истакнуваат како во денешно време има потреба од поинтимно слушање на Бога, за повостински познавање на неговото Слово за спасението; за едно поискрено заедништво во верата која што постојано се храни од трпезата на Божјото Слово


Потоа Светиот Отец ги спомна мисиите на Црквата, каде што нејзината „главна задача ма почетокот на овој нов милениум е да се храни од Словото Божје, за да новата Евангелизација ја направи поефикасна.„ Но исто така потребно е „Слушаното Слово да се оживее со гести на љубовта, затоа што навестувањето на Евангелието само на тој начин станува убедливо, без разлика на човечките слабости.


„Многу луѓе, без да се свесни за тоа, бараат средба со Христа и неговото Евангелие; многу имаат потреба во Него да ја пронајдат смислата на својот живот. Да се дава јасно и заедничко животно сведочење според Словото Бочје, потврдено од Исуса, станува значаен критериум за проверка на Врковната мисија.


„Но евангелизацијата како да се направи поефикасна, како луѓето, среќавајќи ја вистината, би можеле да растаат во вистинската љубов? Одговорот се наоѓа „живиот и бујниот контакт со Светото Писмо„ – истакна Папата.


„А бидејќи, средбата со Светото Писмо често пати ризикува да не биде „факт„ на Црквата, туку е изложена на субјективизмот и самоволноста, потребна е една веродостојна и силна промоција (унапредување) за спознавање на Светото Писмо, кое ќе се навестува, слави и ќе се живее самото Слово Божјо во христијанскита заедница, разговарајќи (во дијалог) со културите од нашето време, служејќи на вистината, но не на актуелните идеологии, давајќи му повеќе важност на дијаголот кој што Бог сака да го има со сите луѓе.


„Со оваа цел, треба „на посебен начин да се припремат пастирите„, треба да се охрабруваат напорите за поттикнување на библискиот покрет меѓу лаиците, образованието на аниматорите по групи, со посебна внимателност на младите.„ Усте треба „да се помогне напорот за запознавање на верата преку Божјото Слово исто така и на оној кој што е ’далеку’ а посебно на оние кои што искрено ја бараат смислата на животот.„








All the contents on this site are copyrighted ©.