2008-10-27 11:58:41

Послание на Синодот на епископите: Божјето Слово што повеќе да биде сакано и запознато



Едно полифонично послание: така беше претставен завршниот документ на Синодот на Епископите посветен на темата „Божјето Слово во животот и мисијата на Црквата“, којшто ќе заврши официјално на 26 октомври со божевствена литургија во Ватикан. Документот беше претставен од страна на монс. Џанфранко Равази, претседател на Комисијата за изготвување на посланието на седмата Генерална асамблеја. Посланието беше прочитано на италијански, англиски, шпански, француски и германски јазик со цел Божјето Слово да биде што повеќе сакано и запознато.


Библијата не треба да се прима само со строгите правила на толкување, туку и со срцето, посочи монс. Равази. Посланието е поделено на четири дела: на неговиот глас – Откровението; неговиот лик – Исус Христос; неговиот дом – Црквата; неговите патишта – мисијата. Тоа се четири етапи, коишто од вечноста и од бескрајот не водат кон нашите домови и нашите градови, дополни монс. Раваси.




Во првите две дела документот го спомнува важното значење на едно ефикасно, творечко и спасително Слово, коешто стои во начелото на историјата, на товорењето и на спасението. Но исто така, Словото станало Плод, навлегло во времето и пространството и примило човечки лик преку Исус Христос. Затоа приближувањето до Библијата се случува преку средбата со една Личност, којашто го покажува патот кон новите хоризонти. Еве зошто не треба да се влегува во фундаментализмот на толкувањето, се одрекува од вооплотувањето на Словото во историјата.


Во текстот посветен на мисијата на Црквата акцентот е ставен врз семејството, сватено како базично пространство за Божјето Слово во кое новите поколенија треба да бидат објект на една предходна педагогика, којашто ќе им ја открие величевственоста Христова. Исто така, мисијата треба да изникне и во „темните краеви на светот“, кадешто се чувствуваат сиромаштијата, страданието, понижувањата и ропството, изолацијата, болестите и осаменоста. Пред сево ова мисијата на христијанинот е да го навестува Словото на надешта, со посредство на една евангелска блискост, којашто не суди, туку поткрепува, осветлува, утешува и простува.


Дијалогот и средбата со еврејскиот народ и со Исламот се останатите важни аспекти од документот. Во однос на еврејската религија, „христијанството е поврзано со заедничкото признавање и љубов кон Стариот Завет“, додека диалогот со Исламот „предвидува сведоштво на една искрена вера во единствениот Бог, страдален и милосрден. Исто и према будизмот христијанинот треба да најде хармонија во однос на заедничката база на почетокот на животот, тишината, едноставноста и жртвата. Не се заборавени нити неверниците кон кои христијаните можат да ги предложат вистинските хоризонти на вистината и љубовта, откриени преку Божјето Слово.


Централниот дел од посланието е посветено на проповедта и екуменизмот. Го слушаме монс. Равази:


„Основното учење од Библијата треба да се предава на верниците преку проповедта, бидејќи таа ја има карактеристиката да биде во евхаристијата. Тие два важни елементи се истакнати од Вториот Ватикански собор на следниов начин: „Има една заедничка трпеза кон којашто се приближуваме секоја недела и преку неа можеме да го најдеме Божјето Слово, лебот на Словото и Лебот на Телото Христово“. Другиот главен аспект од документот се однесува на однесувањето кон нашите браќа, православни и протестанти, коишто, исто така, многу јго почитуваат Божјето Слово и дури го ставаат во центарот на нивната вера и почитување, исто како и ние. Имено, затоа, можам да кажам, дека преку тоа може да се очекува реално единство базирајќи се на Божјето Слово“.


Посланието, исто така, содржи и благодарност кон научниците, богословите и историчарите, чијашто дејност е поврзана со Воплотеното Божје Слово во човечката историја. Но најмногу кон катехистите, коишто се незаменливи таму кадешто се формираат презбитерите и свештениците со коишто се претвараат во „вистински навестители на Божјето Слово“, подвлече монс. Равази. „Според Вториот Ватикански собор тоа се родителите - дополни монс. Раваси – но треба да признаеме дека во црковните заедници катехиститеј ја дават таа голема енергија, потребна на Божјето Слово за да оди по улиците на светот“. Благодарност се искажува и кон мачениците за Словото и кон сите оние, коишто во минатото, но и денес, се спремни на саможртвување во името на верноста кон Него.


Посланието обраќа посебно внимание на комуникацијата и ѕпотребата на новоте технологии за распространување на Божјето Слово. Го слушаме монс. Равази:


„Можеби еден од најсериозните проблеми во современата култура е јазикот и имено во посланието се подвлекува, дека „патиштата, времето и начините за навестување на Божјето Слово не се само оние на мисионерите и на нашето христијанско сведоштво, туку, исто така, и големите виртуални магистрали на информатиката. Неопходно е Божјето Слово да биде прикажано на телевизијата со неговото симболично богатство или преку воодушевовањето од приказната и расказот, коишто содржат длабоко и универзално послание. Најмногу, бидејќи тие средства даваат можност да се одговори на основните барања на учевството и смислата на животот.

















All the contents on this site are copyrighted ©.