2008-10-20 19:19:49

Голема радост на Папата и на синодалните отци по повод историското литургијско чевствување со Вартоломеј I во Сикстинската капела


Голема радост и благодарност изрази Бенедикт XVI по излагањето на екуменскиот Патриарх Вартоломеј I на крајот од литургиското чевствување одржано вчера попладне во Сикстинската капела. Се истакна фактот дека, за првпат, на еден католички Синод постоеше можноста да се обрати екуменскиот Патријарх. На молитвите присутни беа, исто така, и синодалните отци.

Се случува за првпат во историјата еден екуменски Патријарх да може да се обрати на Синодот на бискупи на Католичката Црква. Радосно подвлече Светиот Отец:

“Да го сметаме ова како манифестирање на делото на Светиот Дух којшто ги води нашите Цркви кон подлабоки и поблиски взаемни односи, важен чекор кон обновувањето на нашето потполно заедништво“.

“Една можност со која се зголемуваат нашите надежи дека ќе дојде денот во кој нашите две Цркви ќе се усогласат потполно по прашањето на приматот и на синодалноста ви животот на Црквата. На тие надежи нашата заедничка теолошка Комисија, во овој момент, ги посветува своите студии“. На крајот од своето излагање папата изрази длабока благодарност, која беше исто така изразена и подржана со громогласниот аплауз на Отците, “израз на едно живо искуство на нашата заедница“. Благодарност за богатството на неговото излагање, со неговите чести цитирања на Отците на Црквата, а, исти така, и за големиотхристијански реализам којшто ги покажува битките за водење во денешново време. “Во овој момент – кажа Папата – навистина го живеевме Синодот“.
“Ова, исто така, претставуше и радосно искуство на заедништво, мошеби несовршено, но вистинско и длабоко. Мислев: вашите Отци, којшто Вие ги цитиравте многупати, се исто така и наши отци, нашите, пак, се и ваши. Ако имаме заеднички Отци, како не можеме да бидеме, ние, браќа?.“

Во центарот на излагањето на екуменскиот Патријарх беше односот на Божјето Слово и петте сетила на човекот. Во христијанството Светото Писмо е секогаш сватено како жива реалност. Така, Словото Божје треба да биде слошано, видено, утеловено и поделено. Текстот е во служба на објавеното слово. Пред се се работи за една усна и директна комуникација, направена за да има ефект, во кој акцијата зависи, исто така, и од посебната лична состојба. Важно е, потоа, тој којшто го слуша да се заложи за доброто на човештвото, против расизмот, фондаментализмот, за намалување на сиромаштијата и за развивањето на религиозната толеранција, за околината.

Словото Божје, потоа, може да се види во иконите, потврдува екуменскиот Патријарх, “видлив повик“ за нашето небесно повикување, “Иконите – рече – ја истакнуваат фондаменталната мисија на Црквата за распознавање дека сите личности и сите нешта се створени и повикани да бидат добри и убави“. Но Словото Божје го наоѓа своето потполно утеловение пред се во тајнството на Светата Евхаристија, кадешто словото станува тело, “ни дозволува не само да го видиме, но, исто така, да го доприме со нашите раце ... и да го направиме дел од нашето тело и крв“.

Во љубовта кон светците, потоа, се одразува Божјето Слово. Но кон сите е пратена поканата за допирање на светот со мистичната сила на Словото Божје“, акција за која е потребно едно длабоко обраќање. Подвлечена, значи, потребата за заедничка евангелизација:

“Црквата, значи, има потреба од повторно откривање на Словото Божје во секоја генерација и да ја направи транспарентна со обновен дух и убедување, исто така, и во нашиот современ свет, којшто во длабочината на своето срце е жеден за Божјата порака за мир, надеж и љубов“.

Излагањето заврши со повик кон Светиот Дух, бидејќи и покрај нашите напори, потврди Папата, можеме да бидеме сигурни дека Светиот Дух доаѓа напомош во нашата слабост, наоѓајќи се покрај нас како Адвокат и Утешител.







All the contents on this site are copyrighted ©.