2008-10-14 11:53:51

Ангел Господов: Апел на Папата за прекинување на антихристијанското насилство во Индија и Ирак


Една “исклучителна” жена со завидна духовност може да биде со својот пример утешение за христијаните во Индија, коишто поминуваат еден “тежок момент”. Повеќе од 40 илијади поклоненици, беа дојдени во Вечниот град.Се собраа на Плоштадот Св. Петар за да земат учевство во радоста на Католичката Црква. Папата го искористи поводот на канонизирање на првата индијска светица, за да упати апел за време на неделната молитва Ангелов Поздрав. Апел, којшто повикува на прекин на “насилството против Црквата во Индија и за следење на патот на мирот: апел којшто важеше и за Ирак и Северен Киву.

Мир за прогонуваните христијани во светот, во Индија и Ирак. Мир за африканските народи во сев. Киву, мир и во Домениканската Република Конго. Папата поттикнат од примерите за следење, четирите нови светци, канонизирани од него за време на божевствената Литургија истиот ден – 12 октомври за дарување љубов а не на насилство. Восхитен посебно од вредностите на првата светица на индија – Алфонса, Папата повикува на соработка во изградбата на цивилизација на љубовта.

As the Christian faithful…
“Како браќата и сестрите христијани во Индија, му благодарам на Бога за нивната прва ќерка претставена за јавно давање на почит и сакам да ги осигурам нив со моите молитви во овој тежок момент. Ги доверувам –кажа Папата – на Семожниот Бог оние, коишто се борат за мир и се од полза на мировниот процес, ги повикувам и насилниците да се откажат од тие делувања и да се соединат со нивните браќата и сестрите, за да можат сите заедно да создадат цивилизација на љубовта”.

Христовите зборови, коишто беа читани за време на Евхаристијското славје ни зборува за подготвената од Бога трпеза, од којашто се откажуваат “привлечените од други интереси”. Во овие евангелски толкувања, Папата се задржа на личностите на четирите нови светци, кои живееја во служба на Црквата на територијата на Азија па се до Латинска Америка: Алфонса на Непорочното зачнување на Богородица, наполитанскиот свештеник Гаетано Ерико, родената во Швајцарија, но апостол во Еквадор и Колумбија Марија Бернарда Бјотлер и лаикот од Еквадор Нарциза Исусова Мартило и Моран. “Во евангелскиот дел – кажа Папата – којшто ни го претставува свадбениот банкет, свикан од Бога, не тера да се размислиме повторно за човечкиот одговор на поканата од Севишниот, Кој го очекуваме сите:

“На Божјата срдечност – додаде Светиот Отец – човекот треба слободно да одговори со слободно прифаќање. Тој истиот пат го имаат поминато и тие, коишто денес ги почитуваме како светци. Бо Тајнството на Крштението, тие ја имаат добиено свечената облека на божјата милост, ова одело го зачуваа чисто и го направиа посветло правејќи го поблескаво низ текот на сопствените си животи преку Светите Тајни. Сега се дел од свадбениот банкет на Небото”.

Секој од четирите нови светци зел учевство во различни епохи и ситуации. Индијската светица, Алфонса на Непорочното Богородично зачнување, најпрво зачовувајќи го сопствениот избор за посветен живот и потоа, мачејќи се помеѓу своите сестри во болеста, којашто сериозно го наруши нејзиното здравје.
“Оваа исклучителна жена, којашто денеска е првата индијска светица, била убедена, дека нејзиниот крст е вистинското средство и пат, за да достигне таа самата до небеската трпеза, подготвена за неа од Отецот. Примајќи ја Божјата покана и облечена во свадбена облека на благодатта Господова, Алфонса умира во молитвата и покајанието, коишто го красеа животот на Исус Христос и сега ужива во банкетот во Небеското Царство” – кажа Папата.

Светиот Отец говореше и за Марија Бернарда Бјотлер, “почитувана во Колумбија”, кадешто го формираше нејзиниот Институт на монахините фрањевки мисионерки на Девица Марија Утешителка. Таа светица – истакна Папата – живее со силна љубов кон Светата Евхаристија и Божјето Слово”.

“Тоа е изворот и подпорната плоча во духовноста на таа светица, така како и во нејзиниот мисионарски жар, којшто ја повикува надвор од родната земја и ја упатува кон хоризонтите за евангелизирање на народот во Еквадор и Колумбија. Помеѓу многуте потешкотии, коишто таа требало да ги преживее, меѓу кои и прогонство, Марија Бјотлер ги носи во своето срце зборовите од псалмот, кој гласи: “Да тргнам по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, бидејќи Ти си со мене”.

Во Еквадор, пак, 50 години пред да пристигне таму Марија Бјотлер, една млада жена, исполнета со жестока вера во Бога ги предала на Бога духот како 37 годишна, во живот на “христијанско совршенство” – кажа Папата.

“Со нејзината силна љубов кон Исуса, којашто ја притискаше за да помине еден интензивен пат со молитвата и покајанието и ја приближуваше до Тајната на Крстот – кажа Папата – св. Нарциза ни дава едно конкретно сведоштво и ценет пример, што значи да се живее како христијанин, целосно посветен на Бога и на Неговите најмали браќа и сестри”.

Гаетано Ерико, италијански свештеник, живеел во 19 век во еден од неаполските квартови, Секондилјано бил вистински апостол на христијанското милосрдие, бидејќи успеал да ги увери грешниците, дека “Господ веднаш му простува со љубов на човекот што греши”. Тоа, овој свештенослужител, денес светец, го вршел неуморно преку Тајнството на Исповедта, коешто останува секогаш актуелно” – кажа Папата.

“На таа мисија – истакна кон крајот Папата – свештеникот Гаетано Ерико, основател на Конгрегацијата на мисионерите “Светите Срца Исусово и Маријно”, се посветил со иѕдржливост, трпение и постојаност, без резерви, неуморно. Така, тој се вбројува во многуте свештенослужители, коишто се имаат истаканато со својот живот и мисија како исклучителни личности, успеале да ја претворат исповедалницата во место, кадешто се излива обилно Божјето милосрдие, помагајќи ги луѓето во откривањето на самите себеси и да се борат против гревот, напредувајќи во духовниот живот во Бога”.

По ова следеа апелите за Индија и поздравите на пет јазици на поклонениците, а, исто така, се обрати и кон верниците, дојдени од родниот град на Св. Гаетано Ерико:

“Сакам да истакнам, дека низ овој месец октомври, наполитанските браќа и сестри се специјално поврзани со молитвата на Светата Бројаница, којашто е средство за секој поминат ден, ѕа христијанинот да биде во заедништво со Исуса, кое средство е извор за соочување и утеха, и посредничка врска за потребите на Црквата, по молитвените намери на Папата. По тој повод ве поканувам сите да се молите за братско помирување и мир во светот, за разрешување на некои проблеми, коишто предизвикуваат загриженост и силни човечки страдања: моите мисли се насочени кон содбината на жителите на Северен Киву, во Домениканската Република Конго и христијанското население во Ирак и Индија, коешто е жртва на насилството. Секој ден се молам за тоа” – кажа на крајот Светиот Отец пред да го даде Апостолскиот Благослов.







All the contents on this site are copyrighted ©.