2008-10-10 12:56:41

Бенедикт XVI – Папата Пио XII. неуморно се залагаше за мир и за заштита на прогонетите, а на посебен начин за Евреите


Во мачните години на тоталитаризмот и на светските немири, Пио XII. сведочеше дека само Христос е вистинската човечка надеж – истакна Светиот Отец денеска (9.октомври) на Светата Литургија во Базиликата Свети Петар, којашто ја служеше по повод 50. годишнината од смртта на слугата Божји Еугениј Пацели. На евхаристијското славје, на коешто присувствуваа и синодските отци, Папата потсети на неуморното залагање а Пио XII. за мир и за заштитата на прогонетите, а на посебен начин на Евреите. Освен тоа, Светиот Отец ја истакна и извонредната активност во науката на папата Пацели, кој – како што кажа – за верниците и понатаму е силен ослонец. По литургијата Папата се симна во ватиканската крипта, кадешто, пред гробот на Пио XII. се помоли.
Препуштање во рацете на Божјето милосрдие – тоа е – по зборовите на папата Бенедикт XVI. беше однесување кое го карактеризираше Пио XII. во текот на неговиот понтификат, кој започна во времето додека над Европа , а и над остатокот од светот надвладуваа облаците на Втората светска војна. Светиот Отец долго се задржа на залагањето за мир на својот почитуван предходник, коешто започна уште пред тој да стане папа, додека беше апостолски нунциј во Германија. Остави позади себе сеќавање за пофалба, посебно поради соработката со Бенедикт XV. Во напорот за запирање на непотребното крвопролевање на големата војна, и поради тоа што од самиот почеток ја уочил опасноста од страшната националсоцијалистичка идеологија со нејзините погубни антисемитски и антикатолички корени.

Во времето обележано со тоталитаризми, - рече понатаму Светиот Отец – кога забележа се помала сигурност за луѓето, Пио XII. чувствуваше силна потреба, низ сериозен напор, да се трпи со Христа, единствената сигурност којашто не поминува. Така Словото Божје постана светло на неговиот пат, на којшто папата Пацели ги тешеше бегалците и прогонетите, на којшто мораше да ги брише солзите од болките и да ги оплакува безбројните жртви на војната. Само Христос е вистинската човечка надеж; само со предавање во Неговите раце човечкото срце може да се птвори за љубовта која ја победува омразата – нагласи Папата.
Светскиот судир ја истакна љубовта на папа Пацели кон неговиот драг Рим, којшто на повеќе пати одби да го напушти.

Таа љубов ја посведочи со интензивната каритативна работа, којашто ја покажуваше во заштитата на прогонетите, и тоа без разлика на вера, етничка припадност, националност или политичко уверување – нагласи Светиот Отец и потсети на божиќната порака од 1942. година, во која Пио XII. ја осудува состојбата на стотици илијади луѓе на коишто им се закануваше смртта или постепеното слабеење на телото. Тоа беше јасно поврзано со убивањето на Евреите. Често делуваше потајно и тихо баш поради тоа што, чувствуваше, дека само на таков начин може да се избегне уште полоша состојба, и би се спасиле што поголем број на Евреи. Поради тие негови интервенции, на крајот од војната, му се упатени бројни благодарници во знак на благодарност, како и во моментот на умирање, од највисоките еврејски претставници – напомена Светиот Отец и ја цитираше израелската министерка за внатрешни работи Голда Маер, која истакна дека во најстрашните моменти на мачеништво на еврејскиот народ, гласот на Пио XII. се издигна во корист на Евреите.

Папата, освен тоа, истакна дека поради историските расправи за ликот на Пио XII., коишто не беа секогаш мирни, беа занемарени другите подрачја од неговото богато папство, и потсети на зборовите на папа Монтини наменети за Еугениј Пацели. Павле VI., којшто долго време беше негов соработник, го опиша како учен човек, внимателен истражувач, отворен за новите патишта во истражувањето и културата, со секогаш цврста и доследна верност кон начелата на човечката разумност, така и кон недодирливата содржина на верските вистини.

Пио XII по бројните видици беше предходник на Вториот ватикански собор. Така Папата потсети и на некои битни документи од неговата наука. Енцикликата „Mystici Corporis“ беше, на пример, темел на догматската конституција „Lumen Gentium“. Потоа ја истакна важноста на енцикликата „Divino Afflante Spiritu“ за проучувањето на библиските текстови, како и енцикликата „Mediator Dei“, којашто го поттикна литургијското движење. Светиот Отец, помеѓу другото, го спомна и силниот поттик којшто папа Пацели го даваше на мисионерското делување, и неговото поттикнување на улогата на лаиците во црковниот живот.

На крајот од проповедта, Светиот Отец напомена како, додека се молиме да се продолжи каузата за беатификација на слугата Божји Пио XII., убаво е да се спомне дека светоста беше неговиот идеал, и тоа идеал којшто им го предлагаше на сите. Потсетувајќи на крајот за прогласување на догмата за Вознесението на Дева Марија, 1950. година, Папата нагласи дека Еугениј Пацели не повикува ја гледаме Марија за да ни помогне за што повеќе да ја цениме вредноста на животот на земјата, и така да го упатуваме погледот кон целта на вечниот живот.

Со зборовите со коишто во проповедта се осврна на каузата за беатификација на слугата Божји Пио XII., која е во тек, Папата сакаше јасно да го изрази своето духовно соединување кон желбата што е раширена помеѓу Божјиот народ – рече отец Федерико Ломбарди, директор на Печатениот уред на Ватикан, одговарајќи на прашањата на некои новинари. Но сепак - појасни отец Ломбарди – Светиот Отец не се осврна на следните чекори од каузата, како ни на времето коешто е потребно, односно на потпишувањето на декретот за признавање на херојските вредности, којшто е предуслов за признавање на чудата.







All the contents on this site are copyrighted ©.