2008-10-09 11:42:28

Исус за христијаните не е некој лик од минатото – истакна Папата на заедничката аудиенција


Исус за христијаните не е некој лик од минатото – истакна папата Бенедикт XVI. На заедничката аудиенција во средата одржана на 8.октомври на Плоштадот Св. Петар, во присувство на 25.000 поклоненици и туристи од целиот свет. Свети Павле беше во центарот на катехезата на Светиот Отец, кој говореше за односот помеѓу Апостолот на народите и Исус од Назарет, односно „земниот Исус“, таканаречениот „историскиот Исус“.


Свети Павле разликува два начина на препознавање на Исус, или на било која друга личност. Првиот начин „по тело“, како што пишува во Второто послание до Коринтијаните, односно по надворешните мерила, но на тој начин не можеме да знаеме која е таа личност. Само со срцето вистински се запознава некоја личност. И денеска имаме два начина на запознавање со Исуса – истакана Светиот Отец и примети – Постојат учени луѓе кои го познаваат Исуса во многубројните негови поединости, а постојат и едноставни луѓе кои не ги познаваат тие поединости, но го имаат запознаено во неговата вистина, бидејќи: Срцето говори на срцето. Пред средбата со воскреснатиот Христос на патот кон Дамаск, Павле го познаваше Исуса „по телото“; меѓутоа, по Дамаск не го гледа повеќе на ист начин. Свети Павле не мисли на Исуса како на личност од минатото. Во целост ја познава големата традиција за Исусовиот живот, за зборовите, смртта и воскресението, но сето тоа не го гледа како нешто од минатото, туку го предлага како стварност на живиот Исус. Исусовите зборови и дела, за Павле не припаѓаат на историското време на минатото. Исус живее сега, и сега зборува со нас и живее за нас – нагласи Светиот Отец.

Во поздравите на крајот од аудиенцијата, Папата на посебен начин ги повика верниците молат Бројаница, и да го следат примерот на свештеникот Франческо Пианцоле, мудриот проповедник, кој во саботата беше прогласен за блажен.


Бидете и вие како него, светли знакови на Христовото присувство, преку уверената верност на Црквата – рече Светиот Отец.

По заедничката аудиенција, Папата го прими Михаел Сомару, премиерот на Папуа Нова Гбинеја. Тоа беше срдечна средба, - се истакнува во соопштението на Печатниот уред на Светата Столица – во текот на кој Светиот Отец и Премиерот се задржаа на актуелната политичка и општевствена состојба на таа земја, како и на големиот допринос на Католичката Црква, посебно во одгледувањето, и во поттикнувањето на човекот и на здравјето. Освен тоа, се разменија и мислења за некои теми од регионален интерес, меѓу кои за односот со соседните земји и последиците од климатските промени – стои на крајот од соопштението.








All the contents on this site are copyrighted ©.