2008-10-07 17:14:27

Папата го започна библискиот маратон поддржан од РАИ во Базиликата на Светиот Крст во Ерусалим


Во чест на Епископскиот Синод и во согласие со Павловата година, римската Базилика на Светиот Крст во Ерусалим ја угости “Библијата, ден и ноќ“, иницијатива која подразбира интегрирано и континуирано читање на Библијата, којашто ќе заврши следната сабота. Самиот Свети Отец го започна читањето на светиот текст. Папата на неделната аудиенција подвлече дека овој настан оди во симфонија со Епископскиот Синод посветен на Словото Божје и дека така ќе може да влезе во домовите, за да ги следи животите на семејствата и на одделните личности. Папата додаде: “едно семе, кое, ако е добро посеано, ќе донесе изобилни плодови“.


“Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.“...
Со читањето на првата глава од Битие од страна на Светиот Отец вчера вечер започна библискиот маратон под уредништво на Италијанската Телевизија РАИ. Околу 1200 души од 54 земји се зафатени со ова интегрирано читање од 73 канонски книги од Стариот и Новиот Завет: католици, припадници на другите христијански заедници, евреи и муслимани. Помеѓу протагонистите на првиот ден, коишто ја читаа Библијата по Понтификатот следеа уште и православниот владика Иларион, евангелскиот пастор Доменико Масели, актерот Роберто Бенини и на крајот една цела фамилија, којашто го продолжи читањето до крајот на првата глава од Битието. Присувствуваа уште и директорот на Осерваторе Романо, Романо Џивани Мариа Виан, директорот на “Соле 24 оре“ Феручо де Бортоли, кардиналите Шерер, Каспер и Кардеро Ланца ди Монтеземоло, сенаторот Џулио Андреоти, израелскиот амбасадор во Италија и секако обични луѓе, посветени и лаици, кои сакаа да го дадат својот допринос во ширењето на светиот текст. Еден збир на гласови, на тоналитети и на толкувања обично на италијански јазик, но се читаа и некои делови на еврејски и арапски, додека уводот од Евангелието на Иван ќе биде прочитано на оргиналниот текст по грчки од православниот архиепископ во Италија, метрополитот Генадиос Зердос. Читањето е проследено со музички делови на света музика, дириграни од монс. Марко Фрисина и од Леонардо Де Амичис.









All the contents on this site are copyrighted ©.