2008-09-15 13:14:37

Наговор на Папата во Лурд со молитвата Ангелов Поздрав


По свечената миса по повод 150. годишнината од појавувањето на Богородица во Лурд Светиот Отец го одржа вообичаениот наговор пред Ангеловиот Поздрав пред бројното мноштво на поклоненици.Секој ден молитвата Ангелов Поздрав ни нуди можност да, и покрај своите активности, размислуваме за тајнството на утелувањето на Синот Божји.


На пладне, кога првите пладневни часови веќе ни донесуваат чувство на умор, нашето расположение и нашата великодушност се обновуваат со размислувањето на Марија “да”. Тоа јасно и безрезервно “да” укоренето е во тајнството на Маријната слобода, полна и целосна слобода пред Бога, ослободена од секоја поврзаност со гревот, заблагодарувајќи на овластувањето на нејзиното Безгрешно зачнување – кажа Светиот Отец. Тоа овластување доделено на Марија, кое ја прави различна од нас, не ја одалечува од нас, туку, напротив ја ни ја приближува. Додека гревот поделува, не разделува едни од други, Маријната чистота ја прави сосема блиска на нашите срца, внимателна на секој од нас и желна за наше вистинско добро. Тоа можете да го видите во Лурд, како и во сите маријни светилишта, неизмерно мноштво доаѓа пред Марија со цел да и го изразат тоа што на секого му е најинтимно, тоа што му е на секому на срце. Тоа што многумина поради срам и неугодност не се осудуваат, понекогаш, да го доверат нити на најблиските, тоа го поверуваат на Нејзе, која е целата чиста, и на нејзиното Безгрешно срце: едноставно, без умилкување, по вистината. Пред Марија, баш поради нејзината чистота, човекот не се плаши да се покаже со својата слабост, да ги предаде на неа своите прашања и своите двоумења, да ја искаже својата надеж и своите најтајни желби. Мајчината љубов на Девица Марија го разоружува секој облик на горделивост; му овозможува на човекот да се согледа себеси таков каков што навистина е, и го поттикнува во желбата да се обрати за да даде слава на Бога – истакна Папата.


Марија така ни го покажува правиот начин на напредување кон Бога. Не поучува да му се приближиме во вистината и едноставноста. Благодарение на Неа откриваме дека христијанската вера не е терет, туку како крило ни дозволуваа да летаме високо и да најдеме засолниште во Божјата прегратка. Животот и верата на верниот народ откриваат дека повластицата од Безгрешното Зачнување направена на Марија, не е само нејзина лична милост, туку е за сите, милост направена за целиот Божји народ. Во Марија Црквата веќе може да го види тоа што таа самата треба да постане. Во неа секој верник веќе од сега може да го набљудува совршеното исполнување на својот личен позив. Нека секој од нас секогаш ја задржи благодарноста за се што Господ сакаше да објави од својата идеа за спасение по тајнството на Марија. Тајнството кое на скеој од нас се однесува на различен начин, бидејќи е одозгора, од крстот, кој токму денеска го спомнуваме и го славиме, самиот Исус објави дека неговата Мајка е и наша Мајка. Како маријни синови и ќерки можеме да имаме дела на сите милости кои им се на неа направени, а неспоредливото достоинство кое им го дава овластувањето од Безгрешното.

Зачнување паѓа и на нас, нејзините синови – потврди Светиот Отец.
Овде, близу карпата, и во личното заедништво со сите поклоненици присутни во маријното светиште и со сите белесни по тело и душа кои бараат утеха го благословуваме Господа поради Маријното присувство помеѓу овој народ, и со вера и ја упатуваме следната молитва: “Света Марија, ти која пред сто и педесет години си се покажала овде на младата Бернардица, ти си навистина “надеж на живиот извор”. Ние поклонениците овде од сите краеви, доаѓаме со цел уште еднаш да бидеме зафатени од верата и утехата, радоста и љубовта, сигурноста и мирот, на изворот од твоето Безгрешно срце: 'Mostra te esse Matrem! Покажи се како Мајка на сите, о Маријо! И дај ни го Христос, надешта на светот! Амин.” Со овој побожен повик го заврши својот пладневен наговор Светиот Отец.








All the contents on this site are copyrighted ©.