2008-09-11 17:29:29

Катехеза на Папата на заедничката аудиенција – 10 септември 2008


Папата Бенедикт XVI. на денешната заедничка аудиенција ја продолжи катехезата за Свети Павле. Свети Павле во своите посланиа самиот себе често се нарекува “апостол”. Во неколку случаи силно истакнува дека по ништо не е помалку вреден од некои таканаречени “надапостоли”, а во првото послание до Коринтијаните се обраќа на христијаните и на заедниците за да истакне: “Ако за другите не сум апостол, за вас сум”! Одовде станува јасно дека Павловото сваќање на апостолатот не се ограничува на групата на дванаесетте што беа избрани од Исус за време на неговиот живот на земјата. Павле добро знае да го разликува својот случај од “тие што беа апостоли пред” него: ним им признава посебно место во животот на Црквата. Но сепак, како што им е на сите познато, по христијанските преданија Свети Павле дури и се нарекува апостол во највистинската смисла на зборот. Сигурно е дека во времето на почетоците на христијанството никој не поминал толку километри како него, по копно и по море, со единствена цел, проповедање на Евангелието – кажа Светиот Отец.


Во секој случај, во неговото сваќање на апостолатот се поминува над апостолатот на дванаесетте, тоа ни го пренесува од прва рака Свети Лука во Делата апостолски. Навистина, во Првото послание до Коринтијаните Павле покажува вистинска разлика помеѓу “дванаесетте” и “сите апостоли”. Во тој ист текст себеси понизно се нарекува “најмал меѓу апостолите”, успоредувајќи се дури и со недоносенче, и дословно вели: “Не сум достоен да се нарекувам апостол бидејќи ја прогонував Црквата Божја. Но, со милоста Божја сум тоа што сум и неговата милост према мене не беше залудна; напротив, се трудев повеќе од сите нив, - но не јас, туку молоста Божја со мене” ( 1Кор 15, 9-10 ). Метафората на недоносенче искажува крајна скромност; ќе се најде и во Посланието до Римјаните на Игнацие Антиохијски: “Најмал сум од сите, недоносенче сум; но ќе ми биде дадено да бидам нешто, ако стигнам до Бога” ( 9,2 ). Тоа што овој антиохијски бискуп го кажува во пресрет на неговото мачеништво, предвидувајќи дека тоа ќе ја преобрази неговата недостојност, Свети Павле го кажува во однос на својата зафатеност: во неа се покажува плодноста на милоста Божја, која може да го преобрази неуспешниот човек во сјаен апостол. Од прогонител во утемелител на Црквата: тоа Бог го направи од оној којшто, гледајќи евангелска корист, можеше да биде сметан за отпадник – истакна Папата.


Што, значи, према сваќањето на Свети Павле, него и другите ги прави апостоли? Може да наброиме три важни работи: Првата се состои во тоа дека го “виде Господа” (усп. 1Кор 9,1), т.е дека доживеал средба со него којашто го одреди неговиот живот. Складно со ова во посланието до Галатјаните ќе каже дека бил повикан, одбран со милоста Божја по објавувањето на неговиот Син поради навестувањето на радосната вест за поганите. На крјот, Господ е тој кој го прави апостолатот, не личното барање, па затоа апостолот мора секогаш да биде во однос со него. Не е случајно тоа што го вели Павле дека е “повикан за апостол” (Рим 1,1), т.е дека е апостол “не од луѓето или некој човек, туку по Исуса Христа и Бога Оца” (Гал 1,1). “Да го водиш Господа” значи, да се свати дека се тргнува од Него.


Втората работа е тоа дека апостолот е “пратен”. Самиот грчки збор “апостолос” значи “посланик”, т.е застапник и носител на пораки. Баш затоа, Павле самиот себе се опишува како “апостол на Исус Христос”, (Рим 1,1). Уште еднаш во прв план излегува идејата за туѓата иницијатива, Божјата иницијатива во Христа Исуса, од која апостолот зависи потполно; но најмногу е истакнат фактот дека е од Бога примено послание кое се врши во негово име, при што секој личен интерес паѓа потполно во втор план.


Третото барање е “навестување на Евангелието”, а како последица на тоа и утемелувањето на Црквата. Насловот “апостол”, навистина, не може да биде почесен наслов. Тој конкретно и драматично го опфаќа целиот живот на дотичната личност. Во Првото послание до Коринтијаните Павле иѕвикува: “Не сум ли апостол? Нели го видов Исуса, нашиот Господ? Нели сте вие дело мое по Господа?” (1Кор 9.1). Слично во Второто послание до Коринтијаните изјавува: “Вие сте наше писмо... Христово писмо кое ние го послуживме, напишано не со црнило, туку со Духот на живиот Бог” (2Кор 3,2-3). Значи, силата на делата го објавуваат идентитетот на апостолот. А кога се работи за делата, Павле може многу да покаже. Господ нека ни помогне на сите да растеме со ваквиот пример, тоа ни е многу потребно – заклучи на крајот од катехезата Светиот Отец.








All the contents on this site are copyrighted ©.