2008-09-08 19:04:05

Наговорот на Папата со Ангеловиот Поздрав во Каљиари


По завршувањето на Светата литургија во Каљиари Папата имаше свој наговор пред молитвата Ангелов Поздрав во којшто ги повика присутните верници и сите луѓе со добра волја секогаш да се препуштаат на силниот заговор и помошта од небеската мајка Блажена Девица Марија. На крајот на денешното евхаристиско славје упатуваме уште еден поглед кон “слатката Кралица Сардинска”, славена на ова ритче, Бонариа.

Колку многу славни личности имаат дојдено овде, низ вековите за да и искажат чест! Колку мои претходници и имаат искажано чест! Блажениот Пио IX. го одреди нејзиното крунисување; Свети Пио X. Пред 100 години ја прогласи за заштитница на цела Сардинија; Пио XI. доделил наслов на новата црква на мала базилика; Пио XII. Пред 50 години духовно присувствуваше на ова место со помошта на посебната порака директно испратена преку Радио Ватикан, а блажениот Иван XXIII. Во 1960. упати писмо по повод на повторното отварање на ова светиште по обновата. Првиот Папа кој го има посетено овој остров по 1650 година беше слугата божји Павле VI., кој го посети ова светиште на 24.април 1970., а пред ликот на Богородица се поклони и саканиот Иван Павле II., на 20. октомври 1985. Следејќи ги моите претходници и јас самиот го избрав Бонариа за место на мојата пасторална посета на цела Сардинија – кажа Светиот Отец. Денеска сакаме да ја обновиме посветата на градот Каљиари, Сардинија и на сите нивни грагани на Марија. Нека Светата Девица продолжи да бдее над сите и над секој поединечно, за да наследството на евангелските вредности биде пренесено на идните поколенија и да царува Христос во фамилиите, во заедниците и во различните делови на друштвото. Посебно Мајка Божја нека ги штити оние на кои во овој момент им е потребна мајчинската помош: на децата и младите, старите и фамилиите, болните и сите кои трпат.

Свесни за важната улога којашто ја врши Марија во жиботите на секој од нас, како нејзини одани синови денеска го славиме нејзиното раѓање. Овој настан претставува темелен чекор за назаретската фамилија, извор на нашето откупување; настан кој не опфаќа сите нас, бидејќи секој дар што Бог и го дава Нејзе, на Мајката, и го даде мислејќи на секој од нас, нејзините синови. Затоа, со голема благодарност ја молиме Марија, Мајката на утеловените зборови и наша Мајка, да ја чува секоја земска мајка: оние коишто заедно со мажите ги одгледуваат децата во сложеното фамилијарно озрачје и оние коишто, од различни причини, самите мораат да се соочат со толку тешката задача. Нека сите тие со предавање и верување ја вршат својата секојдневна служба во фамилијата, во Црквата и друштвото.


За сите нив Богородица нека биде потпора, утеха и надеж – посака Светиот Отец. Под Маријниот поглед сакам да се присетам на жителите на Хаити, кои се тешко погодени во изминативе три дена од минувањето на трите урагани. Се молам за нивните жртви, кои се, за жал, многубројни, како и за оние кои се останати без кров над главата. Ја изразувам својата блискост на целата земја и се надевам дека до неа ќе стигне, што побрзо, потребната помош. Сè доверувам на мајчината заштита на Нашата Богородица Бонаријска.








All the contents on this site are copyrighted ©.