2008-09-04 15:09:43

Катехеза на Папата Бенедикт XVI. на заедничката аудиенција – 03. септември 2008


На денешната заедничка аудиенција, на која присувствуваа околу десет илијади верници, Папата Бенедикт XVI. ја продолжи катехезата за Св. Павле. Минатата недела ја изнесе биографијата на апостолот на народите. Со Исусовото покажување многу од тоа се промени во Савловиот живот, рече Папата и истакна дека христијанството не е некоја нова филозофија, или некоја нова морална теорија. Ние постануваме христијани само ако го сретнеме Христос, предупреди Светиот Отец. Црквата оваа година обележува 2000 год. од Павловото раѓање. Светиот Отец се осврна на Павловото обраќање на патот кон Дамаск, забележувајќи дека за тој настан, во Делата Апостолски се зборува на три места.


Павле одеше да ги прогонува христијаните, кога наеднаш ги слушна Исусовите зборови. “Савле, Савле зошто ме прогонуваш”? На нас, сигурно, Исус не ни се покажува со иста јачина како што се покажа на Павле, но во животот на Црквата можеме да се приближиме до Христовото срце, појасни Папата и дададе дека обраќањето не доаѓа одвнатре, туку однадвор. Павловото обраќање не е плод на неговото сопствено дозревање, туку плод на средбата со Христа, кој го промени неговиот живот. Обраќањето е, по зборовите на Папата, вистинска обнова. Единствено во тој личен однос со Христос и само во средбата со воскреснатиот Христос може да се постане христијанин. Така ни се отвара целата Христова мудрост и правото богатство на вистината. Поклонениците и посетителите на Рим Папата ги повика да ги следат стапките на Св. Павле, читајќи ги и неговите посланија и да размислуваат за неговите пораки.








All the contents on this site are copyrighted ©.