2008-09-03 17:09:10

Аудиенциите и литургиите со Папата сега се пренотират преку интернет


Отсега понатаму верниците од целиот свет ќе можат предвреме да резервираат места, преку интернет, за аудиенциите и литургиите одржани од Светиот Отец. Новата услуга на пренотирање е поставена на интернет од страна на Префектурата на Папската Куќа, водена од надбискупот Џејмс Харви, со веб-адреса www.vatican.va на сите јазици предвидени од сајтот. Помеѓу церемониите за пренотирање-резервирање, за коишто билетите се секогаш гратис, издвојуваме: ауденциите во среда, Литургиите на Плоштадот Свети Петар или во Ватиканската базилика. Напротив, за Ангеловиот Поздрав не е потребно резервирање. На сајтот моше да се симне документот за пополнување со барањето за влез, кој ќе треба да биде пратен преку факс на одредениот број. Така, билетите ќе можат да бидат подигнати од Уредот пред Вратата од Бронза, кај колонатот на Плоштадот Свети Петар.







All the contents on this site are copyrighted ©.