2008-08-27 20:11:42

Генерална аудиенција во Ватикан: Апел на Папата за прекинување на насилствата помеѓу христијаните во индијскиот град Ориса. Папскиот катехизам посветен на основните етапи од животот на Св. Павле


Зачувување на светоста на човечкиот живот и вложување напори за воспоставување на хармонија и мирно сожителство. Тоа беше апелот на Бенедикт ХVІ за насилствата во индијскиот град Ориса, којшто го упати на денешната генерална аудиенција. Тоа беше прва аудиенција одржана во Ватикан по 2. јули, кога започна првиот дел од летниот одмор на Папата. На неа Папата го обнови циклусот на катехези посветен на Св. Павле.


Папата ја сподели пред верните, собрани во салата Павле VI, својата духовна блискост со христијаните, жртви на насилствата во Ориса, исто така изрази и “длабока тага” поради новостите за насилството помеѓу христијанските заедници “избувнати како плод на недостојното убиство на индијскиот лидер Свами Лаксхамананда Сарасвати”. По повод извршените убиства и насилство, како и уништувањето на култните центри, сопственост на црквата, Светиот Отец повикува на заштита на човечкиот живот:


“Kaтегорично го осудувам секој напад на човечки живот, чијшто свет карактер бара заштита од сите страни – заврши Папата. Изразувам духовна блискост и солидарност со браќата и сестрите по верата, вовлечени во тешково искушение. Барам со молитва од Бога да ги придружува и поткрепува во ова време на страдања и да им даде сила да го продолжат своето служење на љубов во полза на сите. Ги повикувам духовните водачи и граѓанските власти да работат заедно помеѓу заедничките општествени групи за воспоставување на мирно сожителство и хармонија, коишто од секогаш се биле препознатлив знак на индијското општество”







All the contents on this site are copyrighted ©.