2008-08-22 19:53:12

Папата донираше 125 илјади долари во помош за бегалците од конфликтот во Грузија


Бенедикт ХVІ подари 125 илјади долари за принудно иселените во Јужна Осетија, соопшти апостолскиот администратор од латински обред во Кавказ, монс. Джузепе Пасото. Преку агенцијата Зенит тој изјави, дека апелите на Папата за мир имале голем одзвук во Грузија. “Од една држава со мнозинско православно население впечатлив е фактот, дека духовниот водач на Католичката Црква посветува толку внимание на конфликтот и што е најмногу сочувствителен со грузиското население и се моли за него”. – објаснува монс. Пасото. Тој додава, дека конфликтот од минатиот 7.август предизвикал паника кај населението и ги разбудил спомените од конфликтот од пред 18 години со Абхазија. Протераните се околу 80-90 илјади и се распределени во околу 200 хуманитарни центри, дополни монс. Пасото дека по првите денови се останати буквално без зборови. Католичкиот “Каритас” веќе има испратено големо количество на прехранбени продукти за населението, коешто се наоѓа во исклучително тешки услови: “Со грузиската управа, истотака, и Патриархатот побара помош од Католичката Црква – кажа монс. Пасото – и ние одговоривме со големо сожалување”. Според апостолскиот администратор, грузиското население полага големи надежи во меѓународната заедница, но истовремено се плаши државата да не биде оставена сама. Овој бесспокој го споделува и “Каритас” – додава монс. Пасото. “Засега меѓународната помош не недостасува, но таа ситуација на несигурност може да продолжи долго. Потребно е медиумите да не се ограничуваат во барањето на сензационалност, туку да работат за доброто, најмногу да помогнат на постраданите, и да даваат по можност исправна информација”.







All the contents on this site are copyrighted ©.