2008-08-22 16:37:39

Отец Жан Паоло Салвини, директор на “Католичко општество”: “Олимпијадата во Пекинг да не биде една изгубена можност"


“Олимпијадата во Пекинг би можела да биде за Европа и за остатокот од светот една можност за премин, во однос на Кина, од едно амбивалентно и недефинирано однесување во едно однесување на конфронтација и дијалог”. Ова го пишува во Осерваторе Романо, неколку дена пред затварањето на Олимписките Игри, отец Жан Паоло Салвини, директор на “Католичко општество”. Религиозниот зборува за една нова можност којашто би овозможила однесување према Кина на еден поразличен начин “без да се сокрие тешкотијата на задачата”. Отец Салвини си спомнува на мисијата во Азија на исусовецот Матео Ричи и на неговите наследници, “наоружени – пишува – само со својата вера, со својот збор и својата наука”. Одовде поканата “да продолжиме така и денес”, директорот ни го посочува примерот од пред Олимпијадата со “инструменталната употреба на спортот, којшто би требал да биде место на средба, на натпреварување, исполнет секогаш со симболи и страст”. “Се работи на тоа – продолжува отец Салвини – ова да не биде уште една изгубена можност”. Директорот на “Католичко општество” ги нагласува истотака и постоечките проблеми помеѓу Кина и Католичката Црква: некои – пишува – од меѓународно-политичка природа, други многу поделикатни, кои се однесуваат на улогата на бискупите во Кина и на нивното именување од страна на Светата Столица”. Но, додава дека се во тек “решенија де факто” и дека постои “посакуван дијалог од двете страни, без оглед на политичките недоразбирања и некои периодични испади”. Со желба “двете заедници на кинеската Црква” да го најдат патот на заедништвото, отец Салвини се потсетува на концертот во Ватикан на кинеската симфонија, минатиот 7.мај, дефинирајќи го како “влезница во еден мозаик на диалог и на изменувања, во име на уметноста, која не ги решава проблемите, но ствара клима за да го направи тоа”. Еден јазик, сигурно, поефикасен, потцртува директорот, во однос на “дипломатијата пинг-понг”, којашто ги одбележа во изминативе години несогласувањата помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави. “Надешта – продолжува исусовецот – е дека Кина оди напред во однос на човечките права, коишто, изгледа, досега се плод на структурални недостатоци во однос на демократијата и на субстанцијалната слобода. Олимпијадата – заклучува – е само една нова можност. Не треба да се изгуби”.







All the contents on this site are copyrighted ©.